Сиво сјаат вселените Quotes

Rate this book
Clear rating
Сиво сјаат вселените Сиво сјаат вселените by Stefan Markovski
0 ratings, 0.00 average rating, 0 reviews
Сиво сјаат вселените Quotes Showing 1-15 of 15
“Залутаниот поет
аморовите стрели со облик на зеници
ги нишани кон своите раце
силно што ги грабат
решетките од стих
за да ги бакне облаците
што го допираат синилото
на ирисот небо што е од сребрени сни
од магла и ветар недовеан.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Залутан е поетот кој се наоѓа
меѓу стиховите испишани од прав и сенка
од магла и недовеан ветар од спомени кои сетил – тоа ќе се.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Ние сме поетите-сонувачи
наша е тагата на денот
ние сме сништата на ветрот
наша е болката на пленот.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Адреналин од громови
ти ја дарува силата за пак да сме Едно:
Ти од ѕвездена прав судби градиш
што в тишина те слават
и потем ме бакнуваш да ѝ припаднеме
зашто тишина е мелосот кога грлата ни кројат
распетија од сончев збор.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Мојот крик зачнува нови поколенија вселени
и страв за сонцата е
ја повикувам темната материја
од паралелните светови за кои само ние знаеме
да ја отпее химната на новиот Свет Дух
устоличен низ нејзините пори
што ја дишат радоста на антивселената
од шарена пепел со мирис на бреза.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Јас сум зимата на овој век
кој не ме разбира
отсекогаш ме проколнувал
нем во својата неукост
слеп во намера
и глув во претставата за светот.

Моите снегови
гулаби се што ви ги носат писмата до квечерината
во која веќе ви сонат
лицата згрчени од гравитацијата на ноќта
меѓу трепките.

Моите виулици
ги варосуваат вашите дрвени сни
градени врз карпите со поглед
кон туѓите шуми од трње
распослани до модерните урнатини што ве родија.

Јас сум зимата на проклетиов свет
и секој од вас кој не ме разбрал и разбира
не заслужува друго освен зима да е.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“„И Бог има златна боја“ ми вели слепилото
додека бегам
како исплашено дете од казна за
злата на вселените кои не ‘рѓосуваат.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Денов жолта софра е:
лимоните и дињите се медот што роси откај
пукнатината меѓу облаците
низ која ѕирка Сонцето
таа величенствена облека на бананите
впиени од пченичното поле на буквите
од старите страници каде беше запишана
историјата на нашето златно семе.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Злото е сенка од стремеж
песна испишана од крвта на нероден поет
- одраз од тишината што ти ја шепоти
тајната на морето
низ кое бродот со нашите духови
те живее.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Твоите уши трагаат по љубороден благоспев на зората
најавена во цветовите среде твоите гради
очите по сенката на ѕвездите од твоето лице;
дур си ја мирисаш бронзената насмевка
лебдиш над небесните патеки
допирајќи ги рожбите на новите приградски зеленила;
се чудиш на отштетата
која синиот Бог меѓу нашите тела ти ја наплати;
не успеваш да му ги исфарбаш ирисите
во бојата на твоите одрази
та казнета си да се гледаш во нив
за навек.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Онде го сеќаваш огнот
од твоите кокосови очи преточен во машко тело
и јуришаш да го сопреш
за танго под виножитото меѓу
„да“ и „ниту“;
кајшто „дали“
стрмоглави во вечност од небесни хармонии
ја снаоѓаш судбата со ноти од клеточна прашина.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Цвет од Сонце ти изникнал
а мирисите на маслиновите дрвја
те прегрнуваат дур лежиш.

Во постела навезена од лесни сни
ми го ловиш последниот збор.
„Животов е“ – ти велам
„бран што ги беснее океаните во твоите очи
за да уште еднаш
утроби ни станат
и братски домови низ светот
што нè жнее по нашите зеленила.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Доцна вечер е
ти ја отпеваш последната серенада на оној
што ти ја варди улицата од залутани патници
со чекор лелеав ко ветрот
на мислата што игра ѕвезден валцер со твоето срце
- тие залудно го бараат патот до огништето
ти залудно пееш за изгубените страни на светот што се тркала низ вселената.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Си ги заспивам неродените чеда
во лулка од метафори покриена од завесата на дождот
што го најави Земјата
дур им ја читам химната на соѕвездието
а тие дур летаат до неговите остри агли
не гледаат надолу
иако повеќе ниту долу ниту горе
се имиња на страните на светот.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените
“Поетот што не си го слуша гласот на словото
а го живее
во борба против сенките на тишината
од балонот со кој ја прелетуваме нашата Мајка
да се растопи во неговата светлина – осуден е од Сонцето
и вечно пречекува и испраќа
водата од амбисите на Мајка ни.”
Стефан Марковски, Сиво сјаат вселените