На работ од времето Quotes
На работ од времето
by
Моника Трајковска28 ratings, 4.43 average rating, 4 reviews
На работ од времето Quotes
Showing 1-30 of 37
“Го пуштив тушот најсилно што може и ја потопив целата глава под студениот млаз вода. Морници лазеа по мојот 'рбет. Но не се тргнав. Се надевав дека студената вода ќе го измие чивството на вина што ме обземаше. Чувството на вина, кое не ми дозволуваше да дишам, ниту пак да живеам. Но не успеваше. Тоа со секоја капка стануваше сè посилно, со секој земен здив сè подлабоко ми навлегуваше во душата. Во тоа што остана од неа. А немаше многу. Немав сила да почнам од почеток и да се борам против овој суров свет.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Никогаш не верував дека ќе се чувствувам на овој начин во нечие отсуство. Како да недостигаше дел од мене, дел од мојата душа.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Светлината од сонцето, која се пробиваше низ невидливите честички воздух, танцуваше на нивните среќни лица, правејќи да изгледаат многу помладо. Сончевите зраци ги бришеа годините од нивната кожа и ја нагласуваа љубовта што ја чувствуваат еден кон друг. Кога тие беа во близина, се чувствуваше необична енергија, еден вид спокој и добросостојба.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Креативноста на луѓето е бескрајна кога станува збор за масовно убивање.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Има нешто во тебе, нешто што е одамна заборавено. И не мислам само на твоите гени, туку на нешто што е необјасниво и невидливо. Некои го нарекуваат душа, но јас би рекол дека станува збор за мистична енергија што некогаш владеела со сите нас. Денес, немаме контакт со неа. За разлика од тебе...”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Никогаш порано не сум се возела во автомобил, но ми изгледаше неверојатно. Да можеш да се движиш низ просторот без никаков напор и целото твое внимание да биде насочено кон впивање на околината. Прекрасно чувство.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Вечерва немаше блескава месечина, па затоа ѕвездите доминираа во темнината. Мислите ми летаа на сите страни, започнувајќи од нивниот состав, од тоа дали сите имаат планети, па сè до можноста за живот околу секоја од нив. Колку би било убаво доколку постојат вонземјани и дојдат да ни помогнат, да нè направат подобри, да нè мотивираат да бидеме нешто повеќе.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Како што веќе ти реков, не можеш ни да замислиш какви се луѓето. Ако мислиш дека човештвото го достигнало своето дно пред војната, тогаш си во голема заблуда.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Конечно излеговме од подземните тунели. Никогаш не би поверувала дека толку многу ќе му се израдувам на сонцето, кое нежно го галеше моето лице. Застанав на средина од улицата и ги затворив очите, кревајќи го лицето како сончоглед кон сонцето.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Не можев да мрднам. Не, не сакав да мрднам. Сакав да го заробам овој момент во времето и засекогаш да го чувам во себе.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Јас сум Вероника, но по правило не би требало да постојам.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Соништата ми се единствениот начин на кој можам да направам нешто друго освен читање и секогаш уживав кога ќе ја преземеа контролата врз мојот ум. Можеби и повеќе одошто би требало.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Светот го знам само од фотографии и од книги и во мојата фантазија тој е совршен, прекрасен и со силни бои, и покрај сивите страници на кои тој е опишан.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“За мене нема место во овој прекрасен град.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Во овој наш нов свет, сè е совршено. Градот, паркот, луѓето... Па, добро, сè освен мене...”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Во свет што преживеал застрашувачка катастрофа, луѓето тешко се враќаат на стариот начин на живот.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Застанав на средина од улицата и ги затворив очите, кревајќи го лицето како сончоглед кон сонцето.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Се почувствував живо, како никогаш претходно, како да можам да направам сè што ќе посакам.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Бевме на највисоката точка во градот, од каде што можевме целосно да го видиме. Над нас, ведро небо. Милион ѕвезди трепкаа без прекин, како да ни намигнуваат само нам. А месечината пак, таа беше и повеќе од магична. Формираше совршен круг на небото, а околу неа можеше да се забележи и ореол. Изгледаше како портал кон друг свет. Кон добар свет. Кон свет каде што сè уште постои надеж.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Пред мене се појави свет што е сосема поинаков од мојот. Сив, темен и студен свет. Ги обвив рацете околу своето тело со цел да го спречам студот да навлезе во мене.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Поминаа часови откако влегов во полето. Но некако не ми пречеше. Надвор сум и дишам свеж воздух. Тоа беше единственото нешто по кое копнеев целиот свој живот.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Никогаш претходно не сум се чувствувала олку жива. Волшебно е.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“И тогаш сфатив, во овој свет љубовта не е сила, таа е слабост. Да немаше тој чувства за мене, ќе дозволеше да ме одведат и немаше да се доведе во ситуација каде што неговиот живот ќе виси на конец. Истото важи и за моите родители. Да не ме сакале толку многу, сигурно немало да се жртвуваат за мене. Единствениот начин да се преживее во овој свет е доколку себично се грижиш сам за себе и доколку не дозволиш да развиеш чувства кон друга личност, за која можеби некогаш во иднина би посакала да го жртвуваш својот живот.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Постојат луѓе на кои им значиш повеќе отколку што мислиш“, рече тој со треперлив глас. „Вредиш повеќе од кој било човек на оваа планета и ова не го кажувам само затоа што имам силни чувства за тебе. Твоите гени можат да помогнат да се врати човештвото онаму каде што навистина припаѓа. Дијана го знаеше тоа и токму затоа го направи тоа што го направи. Но тоа не беше најважната причина. Ти допре и до неа, исто како што допре до сите нас. Со својата невиност и искреност донесе свежина во нашиот мал круг луѓе и нѐ потсети што точно значи да се биде човек. Покрај тебе, сите ние првпат се почувствувавме живо иако веќе долго време одиме меѓу живите...”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Се чувствував како да стојам на работ од светот, држејќи се за облак што ветрот сè подалеку го одвејува.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“По толку одење низ темнината, конечно требаше да можам да ја забележам светлината на крајот од тунелот.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Не постои подобро чувство од тоа да си целосно прифатен со сите свои доблести и мани.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Со неограничени ресурси и брилијантни умови ништо не е невозможно.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Тие гледаа во мене, со подзинати усти, небаре сум божица што само што се симнала на планетата, меѓу смртниците.”
― На работ од времето
― На работ од времето
“Се чувствував како да сум единствена на овој свет. Сама во бескрајна низа од духови.”
― На работ од времето
― На работ од времето
