Секој со своето езеро Quotes
Секој со своето езеро
by
Nenad Joldeski59 ratings, 3.97 average rating, 12 reviews
Секој со своето езеро Quotes
Showing 1-8 of 8
“Мириса на вода, на белина, на среќа, иако тој не знае како најточно мириса среќата и дали таа воопшто може да биде намирисана. Но сепак, нему му мириса.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“Вреди, вреди понекогаш да се плаче.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“Би сакала да можеме да купиме време, ми вели. Не со пари, со нешто друго. Тогаш би имале време за сè. За сите ситни нешта.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“Тогаш почувствував како во мене тлее расказ како внатрешна температура што се појавува неочекувано и го мекнее телото.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“Никогаш не дознав каде луташе додека ја немаше, а наместо тоа, во мислите ја гледав како доаѓа по тесните улички осветлени од месечината, со нови мириси и нови приказни. И навистина, секогаш така се враќаше.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“А таа најчесто читаше до доцна во ноќта и веруваше дека само тогаш може да постоиме.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“Излегуваше во утрата и без да знае со себе земаше сè: книгите, мебелот, гитарата, перниците, вратите, прозорците, сите минати среќавања, мирисот на портокал и вкусот на круша што наседнал на усните, сето време и една фотографија на која ние во двојна експозитура пливавме во темносиното море.”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
“О, каде си? Каде си сега, поету, да ја зашиеш ноќва со стих и вино црвено да налиеш за времево што ме голта во челуста од молк? Каде си да ги залечиш раните на градот кобен и со мелем од стих во магија да го воскреснеш над човекот тажен? Каде си, каде си, поету, ти што го отклучуваш универзумот, да го заклучиш проклетствово што се ведне?”
― Секој со своето езеро
― Секој со своето езеро
