Млечни Заби Quotes
Млечни Заби
by
Хана Корнети22 ratings, 4.50 average rating, 5 reviews
Млечни Заби Quotes
Showing 1-11 of 11
“Никита, мислам дека најромантичните мигови во животот се живеат кога си сам.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Не сакам последната емоција да ми биде страв.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Најголемата фантазија е дека некој друг ќе ни ги реши проблемите. Дека ни фали некој да нè турне во права насока, да ни ги исполни празнините, да ни каже што е добро, што е лошо, кого да сакаме, кому да веруваме.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Очите секогаш нè издаваат.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Бирократија е, впрочем, многу практичен начин да му се каже на човек среде трагедија дека животот продолжува, повелете сметка.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Највалканото и најнеорганизирано место кај секој од нас е потсвеста.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Во патешествијата низ земниот живот ќе налетаме на секакви бараби и бербати.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Тие што зборуваат најмалку, носат најмногу нераскажани приказни.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Таа зрачеше со енергија, како сонцето. Јас бев повеќе ѕвезда што паѓа, метеор кој е неколку секунди на небото.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Недостатокот ја одредува желбата.”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
“Свеста, гласот, движењата, станаа одвоени а споени со единствена јасна, лебдечка мисла - ако продолжам да се раздвојувам, дали ќе се дезинтегрирам како одраз во бара откако некој ќе ја скрши површината со камче, или како совршен триаголник од топчиња за билијард кои одлетуваат во геометриски хаос по насилниот удар на белото топче?”
― Млечни Заби
― Млечни Заби
