Утеха за голите Quotes
Утеха за голите
by
Давор Стојановски42 ratings, 4.48 average rating, 6 reviews
Утеха за голите Quotes
Showing 1-1 of 1
“Ако можев да ја опишам, можеби најдобро би ја опишал на тој начин, кога се збогува од мене во обид да ме ослободи од некаква вина. Дури и кога ме напаѓаше, на одреден начин ослободувајќи ме од чувствата што треба да ги имам спрема неа, божем тие се некаква должност, нешто ми укажуваше дека длабоко во себе страда, а упорно се труди да ја скрие болката. И тогаш стануваше онаа што љуби, а мене ми дозволуваше да ја заборавам, божем јас не сум имал никаков удел во нашиот однос.
Знаевме дека никогаш одново нема да се видиме, а со изјавата на пожртвуваност, велејќи ми дека ќе биде таа што ќе ме мисли, за да не мора јас да ја мислам, ми се чини дека признаваше оти знаела колку ми е тешко да ја напуштам.
И така се простивме од сонот и од животот, на двете места останавме еден без друг. И тоа беше убав крај. Барем така ми се чини.”
― Утеха за голите