Диссомнии Quotes
Диссомнии
by
Игор Станојоски145 ratings, 4.65 average rating, 27 reviews
Диссомнии Quotes
Showing 1-16 of 16
“Во животот најважно е да се погледнеш себеси со очите на другиот, да го сфатиш светот со неговиот ум, и така ќе ги дознаеш неговите потреби.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Како и во секоја битка во животот, така и кога битката за заспивање е загубена, треба да се стане и да се консолидираат силите пред новата битка.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Без што не би постоела ниедна приказна? Веројатно, без јазикот... Јазикот им го дава материјалот на приказните. Затоа и јазикот ќе да е темелот и прапричината на меѓучовечката љубов.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Јазикот е првиот виновник за болката по загубените. Нив ги паметиме по тоа што го рекле. Тоа што го рекле е текстот на нивниот систем од приказни. Тој текст преку дијалозите се вкрстил со текстот од нашите системи од приказни.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Која беше силата што раководеше со луѓето што ги среќавав на улиците на Скопје, која беше мислата водилка што ги будеше наутро и што го влечеше невидливиот конец врзан за нивните глави?”
― Диссомнии
― Диссомнии
“„Без јазикот, кој претставува ем материјал ем цел и натсмисла, ни животот човечки не би претставувал систем од приказни, ниту смртта човечка би била толку трагична.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Има ли нешто подарежливо од тоа: сопственото присуство да му се подари на оној на кој тоа му е највредната работа на светот. И има ли повредни луѓе на светот од таквите - оние на кои не им треба ништо друго освен да бидеме покрај нив.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Веројатно, човекот има потреба или капацитет да се грижи само за еден голем проблем, а кога ќе се појави поголем проблем, тогаш претходниот и помалиот проблем престануваме да го доживуваме како проблем.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Нашите системи од приказни со секој изминат ден сè повеќе се спојуваат и се испреплетуваат со дебели и цврсти семејни нитки. Знам дека тоа е погубно и дека еден ден, кога дедо ми и баба ми ќе ме напуштат и ќе си заминат на оној свет, ќе осетам неиздржлива болка предизвикана од раскинувањето на нашите системи од приказни. Сепак системите од приказни веројатно токму затоа и постојат: за да се испреплетуваат со други системи од приказни, и токму тоа испреплетување ги одржува во живот. Тоа е она што нè прави луѓе. Затоа и смртта е толку тешка, затоа што токму таква и треба да биде.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“...свесен бев дека големите идеи не се појавуваат кога ги повикуваш, туку кога тие ќе те повикаат тебе.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Зависноста од интернет ја прекина нормалната комуникација меѓу генерациите, го сопре протокот на искуствените информации од постарото кон помладото поколение и на тој начин старите луѓе останаа осамени, а младите останаа лишени од искуствените информации што од век и веков течеле од постарото кон помладото поколение. Без тие информации и со таа зависност, од нив е развиена аморфна детрадиционализирана маса, која не знае на што да се потпре и која секој политички субјект ќе може да ја обликува според својата волја.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“Оти во кошмарот од нијанси вистините не се натпреваруваат според критериумот на вистинитоста, туку според децибелите и честотата. Пресудно е надвикувањето. Во денешно време не надвикува оној што има најсилен глас, туку оној што има богати родители што му купиле скапо озвучување. Со други зборови, победува онаа вистина во која ќе бидат вложени повеќе пари. Парадоксално, тие пари се неопходни, меѓу другото, и за таа вистина да се престави како скромна и сиромашна.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“А се чини дека ноќта не е наменета за јавен живот. Нашите предци ноќе пловеле низ паралелниот универзум и го живееле паралелниот живот наречен сон. И кога се буделе ноќе, не посегнувале ни по лаптоп ни по смартфон, туку времето на ноќна будност го минувале во прегратките на сопружникот, онаму каде што сè e простено и дозволено, каде што човек е најбезбеден и каде што не може да погреши.”
― Диссомнии
― Диссомнии
“„Дојдов до некаков помирувачки заклуок дека ова е вака затоа што секој човек претставува систем од приказни.
Системот од приказни на секој човек стапува во релации со системите приказни на блиските луѓе. Кога ни умира близок човек, тогаш умира неговиот систем од приказни, кој е врзан со нашиот систем од приказни слично како кај сијамски близнак. Дел од приказните од едниот систем се испреплетени со приказните на другиот систем. Тогаш неговиот систем од приказни се корне од нас, од крвата и месото на нашиот систем од приказни. И поради корнењето, нашиот систем од приказни станува дисфункционален и прашање е кога и дали некогаш ќе си ги поврати функциите.”
― Диссомнии
Системот од приказни на секој човек стапува во релации со системите приказни на блиските луѓе. Кога ни умира близок човек, тогаш умира неговиот систем од приказни, кој е врзан со нашиот систем од приказни слично како кај сијамски близнак. Дел од приказните од едниот систем се испреплетени со приказните на другиот систем. Тогаш неговиот систем од приказни се корне од нас, од крвата и месото на нашиот систем од приказни. И поради корнењето, нашиот систем од приказни станува дисфункционален и прашање е кога и дали некогаш ќе си ги поврати функциите.”
― Диссомнии
