Тунел Quotes

Rate this book
Clear rating
Тунел Тунел by Петре М. Андреевски
173 ratings, 4.35 average rating, 10 reviews
Тунел Quotes Showing 1-30 of 53
“Не знам кој направил, но беше било така направено: секој да си одбере една страна во животот. Всушност, таа страна друг ни ја одбира, но сите ја засакуваме како сопствен избор. И едни стојат на едната страна, а другите - на другата. И не знаеш кој стои на погрешната страна. А не знаеш, зашто сите мислат дека се на вистинската. И се гледаат така, сите од својата страна се гледаат. И се мразат и со омразата што ја имаат и кон себеси. Така и се презираат, така и си завидуваат или само се клеветат. А можеби се љубат?”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Облеката е измислена за да ти ги покрива недостатоците. А зборот да ти го покажува и тоа што не се гледа.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Сè почнува од некоја недвосмислена потреба да се биде нешто и да се биде со некого. Но, таа потреба, полека, речиси неосетливо полека, ќе почне да се претвора во навика. И од таа навика не можеш да се откажеш. Отпрвин не ја гледаш опасноста, иако постојано пропаѓаш во неа. Ќе ја видиш откако ќе пропаднеш. И откако ќе сфатиш дека нема кој да ти помогне. Но, пред тоа, немаш поважни задачи, ни попривлечни задоволства.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Многу би сакала да знам како се распаѓа таа љубов претворајќи се во омраза. Како може да се обесмисли и да стане толку одбивна? Дури и во добронамерна насмевка да се бара причина за најниски навреди?”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Сега дури сфаќам дека и среќата и несреќата ги разбираме откако ќе нема со кого да ги споделиме.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Знам дека ова не ми се случува само на мене. И не му се случува само нему. Којзнае колку потешки судбини се случуваат по светот. И тоа токму тогаш и токму во тоа време. Но, тоа не може да ми донесе некое олеснување. Како што и надежта за некаков задгробен живот на малкумина може да им биде утеха. Барем така сум прочитала. Значи ниедна туѓа несреќа не може да ја ублажи мојата. Една лична несреќа не се заменува со друга лична несреќа. Па, колку и да е туѓа. Како што и туѓата болка не може да биде лек за мојата. Тоа е само едно верижно продолжение. Но, ние веруваме дека надвор од нас ништо слично не се случува. И дека само ние сме осудени на таа казна. И, можеби, затоа веруваме дека нашите солзи се најтешки и најсолени. Тоа уште повеќе нè прави неутешни. Како сиот свет да нè заборавил. И како и Господ да не сака да се сети на нас.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Има многу работи што ги правиме со причина, а уште повеќе, речиси така, без никаква причина.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Ништо не сакам повеќе од другите. Сакам барем еднаш да ја завршам насмевката. Вака, сè ми се случува некако до половина.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Среќата брзо се троши, вели Јагода. Не можеш да ја распределиш по месеци и по години. И секаде на еднакви делови, вели.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Кога тргнува човек некаде, обично бара нешто што му недостига. И никогаш не знае до кај треба да оди и кај треба да застане. Да застане токму до тоа што му недостига.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Можеби не е премногу убав, но има нешто важно и во таа убавина. Можеби нешто многу важно што ниедна жена не ја остава рамнодушна. Дали е тоа насмевката што му ги открива грижливо негуваните заби или, пак, спокојството во неговите зборови, не знам... А, можеби, сета негова привлечност е токму во тоа важно што не можеш да го откриеш.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Но вината е секогаш кај жената. Како да постои некое правило: колку смее таа да сака. И, ако нејзината љубов е над тоа, ќе ја прогласат за никаквица, за пачавра и развратница, за ороспија и блудница... Или уште полошо. Никој нема да рече: О, колку несреќна жена!”
Петре М. Андреевски, Тунел
“А и зошто да се поттиснува една човечка радост што е посилна од нас. Затоа што се противи на некое јавно мислење? Па, и тие што се придружуваат на тоа мислење, копнеат по таа радост. Иако се закриваат зад најниски зборови. За нив поприродно е да ѕиркаат низ клучалка, отколку ширум да ја отворат вратата.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Кај што сме ние, вели, таму е центарот на светот. Секогаш е само таму. Ако се преместиме ние, вели, и тој ќе се премести.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Животот е еден неизвесен и мрачен тунел.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Не сакам да кријам дека само преку љубениот човек ја славиме и љубовта. Но, и потребата од сигурен сведок за еден возвишен живот на друг живот.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Јас ќе те чекам, вели. И сто години да задоцниш, пак ќе те чекам.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Вистина, љубовта има едно име, но илјадници приказни.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Никогаш не знаеш што тлее во човекот... Вистина, ова никој не го видел, вели, а сепак, го има во приказните. А штом го има во приказните, значи дека го има и во свеста на луѓето. Зашто и приказните ги раскажуваат луѓе, вели.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Оној што има што да јаде, вели, не верува дека и на другите им се јаде.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Зашто среќата и несреќата се на мало растојание и постојано се бркаат меѓу себе. Како мракот и светлината што се бркаат. Само што не знаеш кога бега едната, а кога - другата. Како што не знаеш и кога ти е поисполнет животот. Во која од тие две спротиставени крајности? Многупати се случува да сретнеш нов човек, а да ги направиш старите грешки. И без да се сетиш дека тие биле грешки, а ти грешен човек. Но, љубовта не признава правила. Не се врзува само за едно време и само за еден човек. И не се исполнува само низ телесните задоволства. Таа почнува многу од подалеку. Уште во размената на првиот прелажан поглед и во размената на првите зборови. И кога ќе почнеш да веруваш дека сè е поблиску до тебе.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Избрзаниот збор е како претечено млеко.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Љубовта не е математика во која само се собира, се дели или одзема. Таа е веќе собрана на едно исто место и во едно исто чувство. Барем кај мене е така. Оттука, ако нешто умира кај него, кај мене е веќе мртво. Зашто да не ја примаш туѓата болка и како своја, значи да не веруваш дека некого го боли. А него знам дека го боли. И којзнае таа болка низ што го провира и преведува. И каков свет му покажува. Не е човекот тегла слатко од смокви, па да видиш што се случува во него.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“„Животот е непрокопсан“, велеше мајка. А, еве, и сега, така се покажува. Како да го свртиш, те води кон пораз. Кон оној неизбежен, неминовен пораз. Не можеш кон друг правец да го насочиш. А немаш и со што да му се спротиставиш. Затоа и не можеш поинаку да го споредиш, Во право била мајка кога го велеше тоа. Така вели и животот постапува со луѓето. Како ќе се бориш со својот непријател, ако го носиш во себе. Ако никаде не одите без него.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“И така: сè е добро, додека е добро. Или, поточно, додека и ти мислиш така. Но, имало работи што не се поправаат. Особено ако еднаш веќе биле расипани.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Па, добро, му велам, и стравот е човечко чувство. За жалење се само оние на кои им недостига тоа. Тие се или мртви, му велам, или уште не се родени.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Љубовта не треба само еден ден да трае. Туку секој ден и сите 24 часа.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Сам не можеш да го заборавиш тоа, кое тешко се заборава.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Си велам: ние сите се разликуваме меѓу себе. Но, можеби разликите нè прават еднакви. И да имаме потребна едни од други. Барем колку да ги спорелиме токму тие разлики.”
Петре М. Андреевски, Тунел
“Колку е безначаен животот, си мислам, и колку е ограничен неговиот простор.”
Петре М. Андреевски, Тунел

« previous 1