Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени Quotes

Rate this book
Clear rating
Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени by Влада Урошевиќ
43 ratings, 4.23 average rating, 9 reviews
Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени Quotes Showing 1-10 of 10
“Нештата понекогаш сами се сретнуваат, ако така било пишано”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Стоеше така долго загледан во пејсажот што беше исполнет со белите заснежени чистинки и прошаран со ситните цртички на сувите трски. Целиот предел гледан, така, одозгора, му личеше на некакво писмо испишано со неразбирливи знаци кои како да сакаа да му соопштат нешто.
Самракот што полека го освојуваше просторот ја избриша и последната можност да го разбере тој замрсен ракопис, слејувајќи ги сите линии и облици во заматено сивило.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Додека некој спие, тој не припаѓа на себеси - тој е дел од сеопфатната мистерија на ноќта, нели? Отсутност, припаѓање на еден друг свет, тонење кон дното - сето тоа е толку блиску до непостоење, но сепак...”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Светот е книга, а ние не ги знаеме сите букви за да ја прочитаме целата. Само, ете, понекаде нешто ќе фатиме. Нешто ќе прочиташ, нешто не.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Велеше - без добро нема зло, без зло нема добро, така некако. И дека доброто и злото биле поблиски отколку што ние мислиме.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Наоколу се ширеше само огромната лушпа на куќата, без човечки гласови, но преполна густа тишина која набабруваше од неизговорени зборови.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Куќата ја прават куќа мирисите“, се лелееја одвај чујните француски зборови, на работ на препознатливоста, недоволно јасни како и фигурата што ги изговараше. „Кога нив не би ги имало, куќата би била само куп тули и камења.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Летото привршуваше и тоа стануваше сè повидливо: деновите сè уште беа сончеви, но сонцето веќе не печеше со немилосрдна жестокост - светлината беше станала некако мека, проѕирна, приспивна.”
Влада Урошевиќ, Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени
“Јас мислам дека не е сè однапред пропишано. Треба да се верува во моќта на активното дејствување на поединецот.”