Jump to ratings and reviews
Rate this book

Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени

Rate this book
Летото 1898 – во преодните денови помеѓу веќе исцрпениот XIX век и тукушто родениот XX век – Никола се враќа од своите студии на Ecole supérieur de pharmacie во Париз. Со себе го носи научното знаење од Западот и етосот на модерниот, просветлен човек, желен да ги примени во своето родно Скопје. Дома – во големата куќа на крајот на градот, покрај течението на реката Вардар – го чекаат татко му Харалампие, трговецот на ангро, мајка му Евдокија и трите помлади братучетки. На прв поглед животот на ова семејство изгледа нормален, пристоен, па дури и здодевен.

Но, работите не се такви како што изгледаат. Нешто страшно и неискажливо ја фрла својата сенка врз семејството Пустополски. Старата куќа крие свои тајни што се протегаат сè до Ориентот и кои се однесуваат на богатството на дедото на Никола. Приказната за еден прстен купен во Старата скопска чаршија го втурнува Никола во низа настани чиешто потекло, смисла и цел не му се целосно јасни...

347 pages, Paperback

Published January 1, 2022

2 people are currently reading
30 people want to read

About the author

Влада Урошевиќ

45 books23 followers
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ (три пати), „Григор Прличев“ (два пати), „Стале Попов“ (два пати), „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.

Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:

Еден друг град (поезија, 1959)
Невиделица (поезија, 1962)
Вкусот на праските (роман, 1965)
Манекен во пејзажот (поезија, 1967)
Летен дожд (поезија, 1967)
Знаци (раскази, 1969)
Врсници (критики и есеи, 1971)
Ноќниот пајтон (раскази, 1972)
Ѕвездена терезија (поезија, 1973)
Нуркачко ѕвоно (поезија, 1975)
Сонувачот и празнината (поезија, 1979)
Мрежа за неуловливото (критики и есеи, 1980)
Лов на еднорози (раскази, 1983)
Компасот на сонот (поезија, 1984)
Нишката на Аријадна (критики и есеи, 1985)
Хипнополис (поезија, 1986)
Подземна палата (есеи, 1987)
Демони и галаксии (студија, 1988)
Панична планета (поезија, 1989)
Алдебаран (записи и патописи, 1991)
Митската оска на светот (критики и есеи, 1993)
Ризиците на занаетот (поезија, 1993)
Мојата роднина Емилија (роман, 1994)
Паники (поезија, 1995)
Дворскиот поет во апарат за летање (роман, 1996)
Париски приказни (записи и патописи, 1997)
Астролаб (критики и есеи, 2000)
Дива лига (роман, 2000)
Мане, текел, фарес (поезија, 2002)
Невестата на змејот (роман-бајка, 2008)
Седмата страна на коцката (раскази, 2010)
Размена на пораки (раскази, заедно со Тања Урошевиќ, 2013)
Тајна мисија (раскази, 2013)
Тајно злато (поезија, 2016)
Маџун (роман, 2018)

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
21 (48%)
4 stars
13 (30%)
3 stars
7 (16%)
2 stars
2 (4%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 9 of 9 reviews
Profile Image for Марија Андреева.
Author 1 book101 followers
March 20, 2023
Уф!
Од каде човек да почне. Еден од најоригиналните романи кои излегле во последно време. Од прекрасниот стил на пишување, прекрасните и неверојатни описи на сите годишни времиња и временски прилики, до неверојатните описи на Скопје од крајот на 19 век, Скопје какво што не сме го читале во македонската белетристика, до интересните ликови, магичниот реализам налик Маркес со измешани и малку хорор елементи, мистеријата која треба да се одгатне. Начинот на кој одеднаш се случуваат работи но толку убаво се претопуваат едни во други.
Има само еден дел кој малку ме извади од колосек, така да кажам, но сето останато ме воодушеви од начинот на кој е претставено и опишано. Навистина е Роман на годината. И најдобар Роман на годината од последниве години.
Profile Image for Anchi.
410 reviews93 followers
Read
March 20, 2023
Интересна мистериозна приказна. Некои нешта/случки се нелогични но, не пречат до степен да се откажеш од читање на книгата. На почеток беше повозбудлива, после се растегнува приказната, следат доста описи и генерално низ цела книга преовладуваат описи од секојдневието на ликовите. Приказната за прстените мислев ќе биде главна, ама на крај некако ми е нејасно како се поврзува со другите работи. Последната одлука на авторот во врска со ликовите, искрено, ми го намали скроз позитивниот впечатокот, навистина гадно, не му требало тоа на авторот!
Profile Image for Златко Стојковски.
85 reviews13 followers
May 25, 2023
Романот со најдолг наслов во нашата романескна историја, а веројатно и пошироко, ќе го паметам како еден од најгенијалните, најчитливите, најинтересните, најзагадочните, најмајсторски напишаните и најубавите парчиња книжевност на кои сум фрлил око! Сосем случајно, од романескното творештво на професорот Влада Урошевиќ, до сега, имам прочитано два романи - овој, неговиот последен и исто толку генијалниот „Вкусот на праските“, неговиот прв и исто како овој, роман за Скопје. Но споредувајќи ги двата, една мисла ми остана на ум - додека „Вкусот на праските“ беше еден од најхерметичните, најиновативните и најтешките за читање (тежок како испарувањата од скопскиот асфалт сред јулските жеги), „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, како што и Јелена Лужина во мајсторскиот поговор вели: „заличува на таканаречена `лесна литература`, сето во него е брзо, напнато, динамично, шарено, читливо, пенливо, многупати и мистично, егзотично, екстравагантно, возбудливо, таинствено, забавно...“, се чини како нашиот Влада Урошевиќ да се подмладува, станува нашиот македонски Бенџамин Батон и ни создава светови во какви претходно кај нас не бевме стапнале. Му посакувам уште долги години добро здравје и силна творечка моќ, со желба да не носи низ вакви магични патешествија уште многупати по толку колку што до сега напишал! Ова беше мајсторлук и пол, богами... Алал!
Profile Image for Мартин Перчинков.
6 reviews1 follower
December 10, 2023
В очи ми паднаа неколку важни историски неточности од една страна и, според мене, непотребни и нерелевантни современи македонистички политички испади кои се повторуваат низ книгата.

Има дузина печатни грешки, но, во главно, нема значајни правописни грешки.

Приказната има некои нелогичности и сметам дека е недовршена, има неколку работи коишто остануваат нерешени, неоткриени и, мене лично, тоа не ми се допаѓа. Исто така, очекував поизразена кулминација и нешто бомбастично, но немаше пресврти.

Сепак, книгата вреди да се прочита, бидејќи се работи за интересна приказна, убаво напишана книга, лесна и брза за читање.

Ме радува што има вакви книги на македонски јазик. Би била одличен материјал за филм.
Profile Image for Hristijan Babuka.
6 reviews
October 15, 2024
Stranger Things на македонски начин! Не многу веројатна, но неверојатна приказна за Скопје и македонската историја од 19 век. Преку плејада од ликови и Балзаковска деталност во описите, Урошевиќ во овој роман пресаскажа вонвременска и возбудлива прилазна, суптилно артикулирана меѓу реалноста и фантазијата. Наградата „Роман на годината“ за 2022 е апсолутно заслужена.
Profile Image for Hristijan.
12 reviews1 follower
August 7, 2025
Еден од најзагадочните и најмасторски напишаните романи во македонската историја. Ти го зема вниманието од почеток и не те остава дур не го завршиш. Секоја страница од романов изгледа ко сцена од одлична трилер серија. Се надевам еден ден некој ќе го екранизира и донесе до поширока публика пред “малите екрани”.
Profile Image for Albena Georgieva.
65 reviews
May 30, 2025
мајсторски микс на историски факти и фикција исплетена од верувања, митови и се што на човекот му се случува, а не може да си го објасни.
Profile Image for Vasilija.
28 reviews
October 10, 2023
Книга за секого. Така, за на море.
Displaying 1 - 9 of 9 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.