Меѓу рововите: Мажи што љубат мажи (прв дел)
Само, еднаш или двапати, некој, ја среќава личноста со која си одговара: пред кој некој ќе се разголи, целосно. – Чарлс Хамилтон Сорли
Чарлс Хамилтон Сорли бил убеден дека ќе ја сретне љубовта, но повеќето од времето во рововите во 1915 била блискоста кон другарот, „братска блискост“ вид на љубов, која поттикнала чувства кај него: „пријателство под одредени услови“ би можело да изгледа како она вистинското. И двата видови љубов биле преокупација на војникот-поет во Првата светска војна; нешто убаво на земјава – ветување, утеха од бруталноста наметната од кралот и државата.
Нашата инстинктивна врска со далечната војна е токму поезијата во рововите, не книгите по историја. Зошто да не ја погледнеме војната низ стиховите на Овен, Сасун или Сорли? Токму Овен, Сасјун, Грејвс, Гарни, Сорли дури и Брук, се нашите водичи низ тој брутален конфликт; одлични поети се сите, но исто така и љубовници – љубовници на мажи, љубовници на машките тела, машката пот, машкиот здив, барајќи го оној пред кој можат да стојат голи, „целосно разголени“ пред 100 години.
Тенденцијата да се генерализира за време на комеморациите за Првата светска војна значи дека е лесно да се избегне природата на врската меѓу поетот и субјектот кој, на крајот, води кон она што Вилфред Овен го именува како „штетата на војната“: љубовта, копнежот, страста, бесот, очајот, „грубиот машки бакнеж под ќебето“ и „младичот кој пред смрт ме ги допре усните со песна“ сите заедно испреплетени. Зар не е љубов тоа што го наоѓаме во црвените усни, црвените рани и бледите младешки лица кои наѕираат под металниот шлем? Зар не е во виткањето на завоите врз силните мускули, каливите прсти кои ја тргаат валканата руса коса, светло-сините очи полузатворени од насмевка? И на крја зар не е во момчето што умрело минатата ноќ додека лежело покрај бодликавата жица на ничија земја: атлетот кој го читал Хомер и го сакал Хаусмен; чувствителното момче кое ја криело примерокот од Вајлдовата „Балада на Ридинг Гоул“ во ранецот; младите мажи кои биле „баш“ во жаргонот на времето?
„Adieu! или (шансите се три на еден за попријатната алтернатива) auf wiedersehen! Моли се да дојдам смирен и сталожен кога ќе дојде времето. А знаеш колку копнеам до нашата следна средба …“
Сорли, со само 20 години, не бил сигурен за ужасната работа која му била доделена, командувајќи мажи во битки, а не посакувал ништо повеќе освен „нашата следна средба“. Писмото било напишано до Артур Вотс, кој го сретнал и со кого поминал прекрасно лето во Германија 1914 година, наставник по англиски во странство тогаш, а сега шпиун во Војската, кој бил токму таа „личност со која си одговара“ – „имаше 40 кога првпат те видов; 30, скромен и воспитан кога првпат ме покани на чај; но подоцна, кога игравме тенис, беше неважна возраст …и покрај сѐ, пријателите се на иста возраст.“
Кон средината на октомври 1915 година, како што паѓала ноќта, баталијонот на Сорли влегол во предната линија северно од Лус, блиску француската граница со Белгија. Се направил план. Уште еден дел од територијата требало да се превземе во долгиот, неминовен метеж на војната. Попладнето следниот ден почнало двочасовно бомбардирање кај дуплиот ров наречен Шнола; тресок по тресок, црната земја се распрскувала како пепел, а воздухот бил исполнет со искри, крици и воен смог.
И потоа одлагање, без наредби околу 15 минути. Во тоа време мажите се искачиле горе – и тие моменти на опасна тишина завршиле со свирежи и извици – од секаде доаѓајќи во зачадениот простор. Воздухот се исчистил. Германските пушки отвориле крвави дупки во сафолксите редови. Војниците на Сорли биле изрешетени од Германците и бомбардерите. Неговиот командат паднал, турнал напред да отвори простор во ровот војниците да ја сработат својата работа, и за неколку секунди еден снајпер му поминал низ главата. Ја распукал. Привремениот капетан Чарлс Хамилтон Сорли паднал напред, со распукана глава, со запрено срце.
Кога гледаш милиони безгласни мртви
Низ соните твои бледи баталијони врват,
Не збори нежно како другите мажи што прават,
Дека ќе се сеќаваш. Нема потреба од тоа.
Не ги фали. За глувите што е важно ова
Не се клетви навиткани врз глава со бодликава жица?
Без солзи. Нивните очи не гледаат солзи што течат.
Без чест. Лесно е да си мртов.
Кажи го ова. „Мртви се тие.“ А после додај
„Ама и други подобри умреле претходно.“
Потоа, скенирај ги сите, ќе можеш
Да го најдеш лицето што си го сакал претходно.
Морничаво е. Никаде го нема познатото лице за лек.
Големата смрт го овековечи за навек.
Чарл Хамилтон Сорли, СОНЕТ
„Открив еден одличен млад поет што се вика Сорли,“ напишал Роберт Грејвс на неговиот поетски ментор Едвард Марш по неколку месеци. „Смешно е да се вљубиш во мртов маж како јас во ситуацијава, но целосно сме исти на начинот на кој љуби и мрази, а и на иста возраст сме.“
Од поет на поет, од млад човек до друг млад човек, збирката на Сорли „Марлбороу и други песни“ дошла до рацете на Грејц – која го доживеала своето петто издание до крајот на мај 1916 година – а љубовта на Сорли кон природата и суровата рефлексија на војната многу му се допаднала. Почетокот на сонетот „ Кога гледаш милиони безгласни мртви“, напишан кратко пред смртта на поетот, бил откриен од баталијонот Аѓутанти во неговиот куфер, ден по неговата смрт. Им била пратена на неговите родители со другите работи на Сорли. Телото никогаш не е откриено.
Сорли ги сакал англиските пејсажи, но го мразел англиското лицемерие, што го заинтересирало Грејвс: јасен, неутешен и неволен воин за родната земја. “Англијо, ми се згадува од самиот звук на тој збор.“ Сорли продолжил во писмото до својот татко:
„Кога вежбам да се борам за Англија, вежбам за наметната лицемерност, таа ужасно лажна средна-класа и одвратна „имагинативна индолентност“ која нѐ жигосува од генерација на генерација. Голијат и Калијафа, филистеецот и фарисејот, извагај ги двете и ете ти ги предградието, Вестминистер и Флит Стрит.“
Неговиот поетски израз беше прв кој пееше за насилната, безначајна и нехеројска смрт. Гласот на Сорли беше глас на добар војник во лоша војна. Кратко по стихозбирката „Марлбороу“ таткото на Сорли добил писмо е анонимен обожавател, очигледно некој на фронтот, кој почувствувал како да го знае поетот онака како што Грејвс помислил дека го знае: „Ја имам (стихозбирката) една недела и ме прогонува во мисливе“, напишал за книгата. „Ја доживеав неговата смрт како лична загуба, како да не бил некој непознат ами мој надраг пријател … и сигурно некој кој вреди да се познава.“
Грејвс го прашал Зигфрид Сасјун дали помислил дека Сорли бил „баш“, со значење хомосексуалец, заклучувајќи дека мора да е бидејќи Сорли никогаш не напишал „конвенционални“ љубовни стихови. И почувствувал оправданост во љубовта кон младоста што трча низ долините, косата што паѓа над очите, кошулата натопена на дождот и прилепена како бакнеж, песната преку ветрот која се враќа повторно кај неговиот земљак:
Почивај таму, Шели, на прагот
Каде ветрецот се разнесува со орли
На ридот дождлив далеку од врагот
И духот на Сорли.
Роберт Грејвс, Временската прогноза на Сорли
(продолжува)
Превод: Љупчо Петрески


