Еден ден ќе го сакам Оушн Вуонг — Оушн Вуонг
Оушн, не плаши се.
Крајот на патот е прилично блиску
Скоро да е зад нас
Не грижи се, татко ти ти е само татко
Сѐ додека еден од вас не заборави. Како што рбетот
Не ќе се сеќава на крилјата
Без разлика колку пати колената
Ни го бакнале тротоарот. Оушн
Слушаш? Најубавиот дел
Од телото ти е онаму каде што
Сенката од мајка ти паѓа.
Еве ја куќата со детство
Смалена на една црвена тенка жица.
Не грижи се. Наречи ја хоризонт
И никогаш нема да го досегнеш.
Ова е денес. Скокни. Ти ветувам не е
Спасител. Ова е човекот
Чии прегратки се доволно широки да го
Собере заминувањето, а тука е и моментот
Кога светлата само што се гаснат, кога сѐ уште го гледаш
Згаснатиот факел меѓу неговите нозе.
Како го користиш одново и одново
Да си ги најдеш дланките.
Бараш втора шанса
И ти даваат збор да
Не се плашиш, истрелот
Е само звукот на луѓето
Кои се обидуваат да живеат подолго
а не успеаваат. Оушн, Оушн –
Станувај. Најубавиот дел од телото
Е на чело и запамти
Осаменоста е сѐ уште време поминато
Со светот. Еве ти ја
Собата со сите во неа.
Мртвите пријатели чекорат
Низ тебе како ветрец
Околу ветерник. Еве ти биро
Со скршена ногарка и цигла
За да трае. Да, еве ти соба
Толку топла и крвно поврзана
Ти се колнам, ќе се разбудиш –
И ќе помислиш дека ѕидовите
Се кожа.
Препев: Љупчо Петрески


