од каде сиот овој немир во мене?од каде оваа матна реканадојденаоваа гнасна вода во мене?од каде сета оваа врева во менекога ги склопувам очите?
колкумина потстанари сме во ова тело?
ко цела една чаршија да се собрала во менепа прави ѓурултијакуртул нема!
ко да сум ги понел со себесите прегратки сите ракувања сите урокливи погледиод патувањатаод сите претходни домовиво кои сум преспивалод сите куќарки што сум ги надраснувалво кои сум се вселували од кои сум си заминувалкога ќе ми чукнел часоткога ќе ми чукнела камбаната
ко да сум понел со себе сѐсамо сеќавањето сум го заборавил
негде попат
Published on December 24, 2013 15:13