слегувам во своите подземни одаи.во темелите. таму кај што уштестарите мои закопале нешто.слегувам од сиот свет скришум. самод себе го крадам клучот.долу е цибрина. од студенилото дуриоган гори. дури пече ко жар на гола кожа.и мравки лазат. од мраз, од страв, од јанѕа.буричкам со кандилце в рака.тарашкам по теглите со слатко,со горко, со поткиселено.чепкам по сето поминато низ мене.по сето поминато пред мене.со ноже пуштам воздухда излезе смрдеата.ја тргам мувлата што се фатила одозгора.вдишувам длабоко. со прст пробувам.тегла по тегла отворам. ја тргам мувлата. вдишувам длабоко. со прст пробувам.тегла по тегла.дур не најдам зошто толку боли.и до кога.
Published on December 24, 2013 15:15