Последните селани Quotes
Последните селани
by
Петре М. Андреевски97 ratings, 4.58 average rating, 5 reviews
Последните селани Quotes
Showing 1-28 of 28
“Се знае дека со насмевка можеш најлесно да му се доближиш некому. Насмевката ја брише секоја далечина меѓу луѓето.”
― Последните селани
― Последните селани
“А тој цело време се обидува да викне: Јас уште сум жив, луѓе, јас уште сум жив! Но зборовите му се толку безгласни што и самиот не може да си ги чуе. Не може да се изначуди како може да го поднесе сето што го гледа, а ниеден збор да не му преоѓа преку устата.”
― Последните селани
― Последните селани
“Оти нема ничиј живот што не може во еден единствен ден да се раскаже. Со сè што му поминало преку глава. А можеби и за помалку време ќе може да се раскаже. Независно колку долго неговиот живот траел. Оттука излегува дека нема човек што живеел подолго од еден обичен ден.”
― Последните селани
― Последните селани
“Многупати коњите излегуваат поумни од луѓето.”
― Последните селани
― Последните селани
“Секој прогонет човек се претвора во волк. Ако ти избега еднаш стравот, вели, после ништо не може да те уплаши.”
― Последните селани
― Последните селани
“Гнасен збор може да излезе и од најчиста уста.”
― Последните селани
― Последните селани
“„Некогаш барем се знаеше: едни ти пцујат „мајку бугарашку", други ти ја пцујат „мамката србоманска", а ти не им се лутиш. Си велиш: Само не пцујте ми ја мајката македонска,а со туѓите мајки што сакате правете.”
― Последните селани
― Последните селани
“Оти некогаш може цел живот да седиш со некого и пак да не се познаваш. А некогаш, само еднаш да се сретнеш со некого, си мислиш дека отсекогаш си го знаел.”
― Последните селани
― Последните селани
“Во животот никогаш и ништо не се изменило, и тој, тукуречи, кај сите еднакво се повторува. Секогаш и во сите времиња. Излегува дека сиот живот како само еден да го живеел.”
― Последните селани
― Последните селани
“Но ветените утра многупати можат да задоцнат и по цели години.”
― Последните селани
― Последните селани
“А нема ништо полошо за жив човек од да остане сосем сам. Постојано да чекаш некого, вели, а никој да не доаѓа. И да чекаш да се случи нешто, а ништо да не се случува...”
― Последните селани
― Последните селани
“Но, нејзе, колку повеќе ѝ бега животот, како уште повеќе да ѝ се замилува, како одново да го засакува.”
― Последните селани
― Последните селани
“На сè се сеќавам, вели Цара Петревска, а најмногу на тоа што не сакам да се сетам.”
― Последните селани
― Последните селани
“Но кажаниот збор е веќе фрлен камен и не се враќа назад.”
― Последните селани
― Последните селани
“Некогаш не е толку болно што ќе ти речат, туку како ќе ти го речат.”
― Последните селани
― Последните селани
“Секому се дало живот, вели, ама секој не знае што да прави со него.”
― Последните селани
― Последните селани
“Ама и што ќе ти е таков живот на кој не ќе сакаш да се сетиш.”
― Последните селани
― Последните селани
“Никаде да не одиш со грд човек. Ни на радост, ни на жалост. Со грд човек, му рече, секаде ќе ти биде грда работата.”
― Последните селани
― Последните селани
“Покрај убавиот човек и ти ќе бидеш поубав, му рече. Оти се рекло: убавината секогаш изгледа невина, иако најмногу гревови носи. Убавиот човек сите го гледаат, но никој не го слуша што зборува.”
― Последните селани
― Последните селани
“А омразата беше ти била проклета и слепа: никогаш не знае како да се размине со човекот.”
― Последните селани
― Последните селани
“За ништо ги раѓавме децата, за ништо ги чекавме, за ништо игравме. А и што правиме во животот, вели, изгледа е пак за ништо.”
― Последните селани
― Последните селани
“Понекогаш иде така, вели, кога ти се спие многу, да не можеш да заспиеш, и кога си гладен многу, ништо да не ти се јаде.”
― Последните селани
― Последните селани
“Единствената неизнасилена вистина во сето тоа беше дека секогаш има некој кој чека некого што му е потребен, односно што му недостига.”
― Последните селани
― Последните селани
“Но што да се прави кога луѓето сакаат да слушаат, да се лажат со нешто. И тие слушаат па макар да бидат излажани и од сопствената глупост.”
― Последните селани
― Последните селани
“Изгледа на човекот секогаш му е дадено нешто за да нема многу време за омраза. Но каква е разликата меѓу љубовта и омразата кога обете идат од исто место и, безмалку, од исти пориви. А можеби и првиот грев е направен со добри намери.”
― Последните селани
― Последните селани
“И колку луѓето можат да сакаат и колку не знаат што сакаат. Оти сите сонуваат за некаква среќа што им е потребна, но кога ќе дојдат до неа, стануваат уште понесреќни.”
― Последните селани
― Последните селани
“А колку би било поинаку, кога болката би ја чувствувал и тој што ја предизвикува.”
― Последните селани
― Последните селани
