Пиреј Quotes

Rate this book
Clear rating
Пиреј Пиреј by Петре М. Андреевски
792 ratings, 4.64 average rating, 23 reviews
Пиреј Quotes Showing 1-30 of 64
“Племето наше е пиреј, вели Лазор Ночески, и не го ништи ниедна војска и ниедна болест. Пиреј е троскотна трева, вели, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, вели, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, вели, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева, вели.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Ете што е животот, рече Дуко Вендија, ништо не е. Пиши - бриши. Ќе пишуваш, пишуваш, рече, а смртта наеднаш сè ќе ти избрише.

Еден завршен разговор, рече Роден Мегленоски, животот е еден завршен разговор.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Нели си родено женско - колнато си. Уште мајка ми велеше: „кога се раѓа женско и стреите плачат.“ Јас тогаш не знаев оти така ми вели така мајка, ама сега знам...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Тој пие со власта, вели, оти власта пие без пари.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Дури бев млад, вели, мислев дека секогаш ќе има време за она што го немам. Ама времето било лажовно, вели, курва било времето. Сè на превара ми зеде, вели, и сега назад не можам, а за напред уште понеможам. Не ми отвора пат за напред.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Стравот е страшен само за оние што му се плашат.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Сега гледам дека е најтешко да се направи првиот и решителен чекор. Вториот е веќе полесен. А полесен е, зашто едниот не може без другиот.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Најтешко ни е нешто да почнеме“, велеше Лазор Ночески, „а многу полесно да го завршиме.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Најсилна војска е онаа што не пука.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“А кога е осамен, а не сака сам да биде, ќе почне да си зборува со себеси: се борев, прашува, се бореше, сам си одвраќа. А за кого се борев, прашува, за кого и против кого, прашува, кој е поразениот, се прашува, ама одговор сега не си дава.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“А тој само си ја спомнува раната. Големата рана што не се гледа. Само големите рани не се гледаат и не се догледуваат. Си знам јас по мене. Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што ти стасува умот.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Имам една рана, вели, некаде внатре, не знам каде е, ама многу ме боли, ме пржи. Умот ми го свалува, вели.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Било: бог да те чува од потаен жар.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“И рече: „дојде време да се убива брат со брата и никој да не гледа ни пријател, ни роднина. Ебати животот, рече, кога мораш ваков народ да имаш што не те гледа за ништо.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Од цел свет бесот кај нас завршува.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“На сиромав, вели војникот, ни сиромаштијата не можеш да му ја земеш.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Не плачеме, вели, тоа дождот ни тече по образите.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Дури има луѓе, ќе има и војни.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Кога времето е облачно и луѓето се облачни.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“...пријателот ти е роднина кого самиот си го одбираш.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Нам, на селаните, среќата ни е променлива, а несреќата постојана.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“...ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“... ама човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева, барем него ништо не може да го изненади...”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Срцето најмногу открива, тоа не знае за стратегија, си мислам, тоа е предавник.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Не знам како е поарно да се умре: Намерно, како јунак, или ненамерно, како згазена бубачка.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Човекот најмногу не верува кога се сомнева во себеси.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Ама срцето човечко било бунар: само се полни, а не се преполнува.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Секој мисли дека е најубаво она место кај што се родил.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Ум недоветлив, човечки.”
Петре М. Андреевски, Пиреј
“Брза е младоста, човече, ко вода истекнува.”
Петре М. Андреевски, Пиреј

« previous 1 3