Ande Jankov's Blog: Scribo, ergo sum. - Posts Tagged "blogging"

Прво па мушко!

Можеби доцнам со блогирањево на GR, но подобро подоцна отколку никогаш, нели?

Откако конечно ракописот за мојот следен роман ''Кобајаши Мару'' (Виктор Николов #4) е пуштен до лектор и кај мојот издавач, полека но сигурно во мислите се преориентирам кон следната замислена приказна во животот на вашиот омилен домашен полициски инспектор.

Изминатиов викенд ги наполнив батериите по течението на реката Дунав во Србија, каде што почнаа да ми се вртат првичните идеи позади следниот дел од овој серијал.

Следниов перид полека ја разработувам и маркетинг стратегијата за романот 'Кобајаши Мару'', која што треба да започне кон крајот на есента 2023.

Како и да е, отсега ќе бидете во тек за сите новости и настани поврзани со моето пишување, како што е моето гостување во четврток 29.06. во Кавадарци, во придружба на подвижната книжарница на Антолог, Зборче. Со кавадарчани се дружиме од 17 до 19 часот. Се надевам на доста потпишани книги, и разговори со љубителите на пишаниот збор од Кавадарци.
 •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on June 25, 2023 05:59 Tags: blogging

Hello from the other side!

Викаат најголема инспирација за пишување се добива кога ќе се замине на некое егзотично место. Така и полека почнува да се оформува ракописот за петтиот дел од серијалот за Виктор Николов. Овој пат, насловот ќе го кријам малку подолго време, но она што можам да откријам е дека прв пат после ''Виенски гамбит'', дел од дејството ќе се одвива надвор од Македонија.

Во меѓувреме, четвртиот дел полека влегува во завршна форма, а во глава ми се вртат и првите идеи за дизајн на корица.

И за крај, во големо исчекување сум и за Букстар, фестивалот на европска книжевност во организација на Антолог. Таму ќе ме гледате во улога на модератор, заедно со Јордан Коцевски. Се гледаме на 3ти и 4ти октомври во Скопје.
 •  0 comments  •  flag
Share on Twitter
Published on September 25, 2023 00:23 Tags: blogging

Scribo, ergo sum.

Ande Jankov
Blog платформа која што ја користам за да бидам поблиску до моите читатели.
Follow Ande Jankov's blog with rss.