Goodreads helps you follow your favorite authors. Be the first to learn about new releases!
Start by following Јулијана Величковска.

Јулијана Величковска Јулијана Величковска > Quotes

 

 (?)
Quotes are added by the Goodreads community and are not verified by Goodreads. (Learn more)
Showing 1-11 of 11
“. Јас немам дом, Марла. Дома е само момент, само миг за мене. Краток. Кога ќе погледнам во нечии очи и тие ме гледаат за возврат. Кога пијам зелен чај, како оној донесен од патувањето. Како вртење во круг. Или возење во стара дупла од ЈСП. Дома е кога врне дожд и преде мачка во исто време. Или додека возам велосипед. Кога зјапам во пламенче. Јас немам дом. Постојано место на живеење. Тоа се моменти на кои се навраќам или ги измислувам. Дома не е константа за мене, Марла. Не како што е тоа за вас, другите.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Баба ме учеше да плетам со розов конец од расплетен елек што го имав надраснато. Тоа мора да беа самите почетоци на рециклирањето.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“„Нема темна страна на Месечината, Марла. Всушност, целата е темна.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Ако некогаш сепак учествувам во маскенбал - ќе одам во пижами. Не, за да се маскирам во пациент. Туку, за да си бидам своја. Без етикети, без титули. Ќе одам на маскенбал без каква било маска. Ете така.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Мојот лев чорап. Тоа бев јас. Излитен лев чорап на нозете на деснак. Со дупче над палецот. Скриен во износени чевли, по кои велат, се познавал човекот. Се познава по чорапот, си мислам. Чевлите се она што дозволуваме да го видат. Чорапот е нашата душа. Она што го носиме во себе.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Мртви птици. Гравитацијо, зошто не ги оставаш да почиваат на небото?”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Ако бев добар човек, ќе ги разберев растојанијата помеѓу луѓето. Никогаш не ги разбирав во потполнист. Не нучив кое е идеалното времетраење на една прегратка. Кој е идеалниот стисок. Треба ли само да ја прегрнеш личноста што ја поздравуваш така срдечно или треба и да ја бакнеш. Да ја бакнеш навистина в образ или на божемски, онака во воздух. Не научив многу нешта. Ти ме напушти прерано. Сивото мече немаше одговор на моите прашања.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Матрицата вели: хаос – кулуминација – космос. Таа кулуминација секогаш подразбира многу жртви. А тие луѓе ќе загинат од љубов и ќе убиваат од недостаток на истата.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Мојата глава е како капка. Како вода што испарува. Мојот ум, што ли сакав да кажам со него?! Кои ли ми беа мислите? Сакам да можам да напишам дисторзија, да пишувам гранџ, можам ли?!”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Празна сум. Како дрвен молив од кој е извлечена срцевината.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња
“Облечи се во црно. Отстрани ја шминката. Потоа... Облечи џемпер од баба ти врз сето тоа. Косата остави ја немиена. Мрсна. Стави очила за сонце наместо венче, и остани така. Нека те дуваат есенски ветрови, студени бранови надојдени од север. Нека заврне потоа и нека биде сив овој град. Нека биде октомври.”
Јулијана Величковска, Годишни времиња

All Quotes | Add A Quote
Ведра Ведра
8 ratings
Комарци Комарци
7 ratings