Она што во минатото претставувала музата во сооднос со уметникот (поврзаност која вришти од еротски набој, сила која урива се пред себе и создава трагична убавина), во очите на дежурниот циник од 21 век изгледа како анимална страст помеѓу една дролја-нимфоманка и еден мрсник, по некоја случајност допрен од милоста на Бог.Горенаведениот дечко би имал безброј забелешки за оваа љубов (каде е местото на пчеларот и жената на Зермано во оваа нераскинлива љубов; или се овде во функција на зголемувачи на трагедијата- “Ја љубим друге јер тебе не могу,срце ми плаче, волим те све јаче:); доколку нивната врска е над физичките граници, зошто акцентот е ставен на нивните сексуални интеракции...) и порив да викне: Get a job and wash your hair!
Како и да е, би требало да знам подобро од ова, како дел од една генерација жигосана од alienation, генерација современик на “Вики-Кристина-Барселона“ од Вуди Ален, генерација заситена од вљубеност, жедна за љубов.Сепак не можам:) Колку за стилот,стилот е питок, драматичен во согласност со темата.Никако и предобар.