Волга, Волга - Миленко Јерговиќ
,, Името ми е Џелал Пљевљак. Триесет и пет години работам како цивилно лице во војската ".
Правецот на движење е познат, но ќе има и скршнување од патот. Е тоа скршнување ќе биде запаметено, ќе Ви ја растрепери душата, ќе пробате да дишете нормално како и претходно, но повеќе нема да биде исто. Таму е одговорот на сите прашања кој ќе му натежнуваат на Џелал. А Миленко, тивко, бешумно, како читано на увце ќе Ви ги најави и тогаш ништо повеќе нема да биде исто.
Секојдневно го поминува истиот пат и се мисли дека му е познато, совршено вклопено во неговиот несовршен живот.
Но, дали постои совршен живот?
Дали има човек кој не носи тежина на својата снага?
Полека, но сигурно, јасно е, дека сите се подвиткуваме од сопствената ,, тежина ".
Пензионерските денови се ближат, но Џелал не сака ни да помисли на нив. Потребна му е секојдневната мршута, за да знае дека е сеуште тука, дека сепак има капка надеж додека не биде пронајдено телото на најсаканата.
Едно ужасно снежно невреме ќе ја промени неговата петочна релација, кога се мисли дека му е познато, а сепак има надеж и во тоа непознатото. Селото Фатуми е местото каде се ќе стане познато, дури и непознатото. Блискоста која ќе ја оствари со непознатото семејство, кој ширум ќе му ја отварат вратата од својот дом во таа бура, а Џелал ќе ја отвори вратата на своето срце и својата верба.
Сепак со причина постоиме на оваа Земја, не сме осамени, има некој и за нас,а длабоко во нас сакаме да останиме така осамени и строго да се придржуваме по нашиот правец на движење.
Сплит - Ливно и некаде помеѓу, селото Фатуми ❤️
Заборавив на Волгата, па да таа е главниот виновник за трите етапи во животот на Џелал. Купувањето на истата, патот кој го поминува со неа и патот каде конечно ќе застане.
Поминува одреден период, се е веќе заборавено, но еден новинар ќе се потсети на случувањата и ќе ја започне својата потрага по вистината.
Колку многу сме малечки, но сепак толку многу големи кога нашите дела се вредни за спомнување. ❤��