Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската литература - Зоки Поки. Во октомври 2012 година, за романот "Куќичка", таа била номинирана како македонски претставник за наградата "Балканика".
Творештво:
Зоки Поки (проза за деца, 1963) Ден за летување (раскази, 1964) Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965) Земјата во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965) Зимски детективи (роман за деца и млади, 1972) Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974) Сребрено јаболко (комедија, 1975) Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976) Мојот звук (роман за деца и млади, 1977) Тесна врата (роман, 1983) Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984) Умна глава (пиеса за деца, 1984) Девојките на Марко(роман за деца и млади, 1987) Љубоболки (роман за деца и млади, 1988) Домашни задачи (роман, 1989) Камерата на Борис (проза за млади, 1989) Преминот е осветлен (роман за млади, 1990) Шифри на каменот (роман за млади, 1993) Бели стапки (роман за млади, 1993) А, Б, В... (сликовница за деца, 1993) Тромбот (роман, 1996) Белиот чад (роман) Тесна врата (роман) Адамовото ребро (роман, 1999) Вежби за Ибн Пајко (роман, 2000) Левата комора (раскази) Куќичка (роман, 2012)
Награди:
РТВ Скопје на СВП „Младо поколение“ „Змаева награда“ „Стале Попов“ Рациново признание
Книга што задолжително треба да ја прочита секој тинејџер! Им ја препорачувам и повозрасните кои не ја прочитале! Возбудлива, интересна, убаво напишана и пред се’ поучна! И’ се восхитувам на Оливера Николова како умешно може да проникне во детската душа! Една од поубавите лектири! Имаше и истоимена серија снимена по оваа книга.
Една од моите омилени книги за деца. До ден-денес со некоја топлина се сеќавам на сите напори што Славе ги правеше за да договори состанок за брат му. Како од филм пред мене оживуваат слаткарницата, базенот, парфимеријата, сите места што се спомнати во книгата. Фала му на Бога за Оливера Николова! (од името на сите деца :))