Цар Самоил или цар Самуил (958 — 6 октомври 1014) — средновековен македонски владетел, кој на преминот од X кон XI век образувал пространо царство на територијата на Балканскиот Полуостров. Државата што ја создал е позната како Самоилово Царство.
Македонски историчар и публицист, роден е 10 септември 1917 во Скопје. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал и магистрирал на Високата школа за политички науки во Белград. Одбранил хабилитационен труд под наслов „Кон етногенезата на македонскиот народ“ (Скопје, 12.IV.1975) и бил избран во звањето виш научен соработник. Бил учесник во НОАВМ, а по Ослободувањето вршел разни општествено политички функции: наставник и директор на Политичката школа на ЦК на СКМ, професор по социологија на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, претседател на Друштвото на филолозите и социолозите на СР Македонија, претседател на Комисијата на Извршниот комитет на Претседателството на ЦК на СКМ за идеолошко-политичко оспособување на организациите и членовите на СКМ, директор на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Починал на Хвар, на 16 септември 1980 година.
Многу добро напишана книга. Го опфаќа периодот од почеток на 7ми век до некаде 1018 година на територијата на денешна Македонија и околните соседи. Најголем дел зазема Самоиловото царство, како било основано, какво било и како се распаднало. Убаво е објаснето зошто било наречено бугарско. Причината била што Самоил сакал да биде цар, единствена круна што била достапна во 997 била бугарската, ја преземал на незаконски начин и се прогласил за бугарски цар. Оттогаш настанув забуната дека макдеонскиот народ е бугарски. Убаво е објаснето дека тогаш биле и сеуште се два посебни народи.
Книгата е историја за Самоиловото Царство, но почнува со опис и на никулците на словенската државност пред самоиловата држава. Во голем дел книгата се осврнува на посебноста на словенските племиња кои живееле во Македонија (географскиот регион) во однос на Бугарите. Тука се даваат и аргументи зошто самоиловото царство не може да се нарече западно бугарско царство. Како и да е, ако се зафатите со читање на Ташковски, ова е добра стартна точка.