Давор Стојановски е роден во Скопје во 1987 година. Магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Застапен е во домашни и странски поетски и прозни антологии и списанија.
Добитник на наградата „Ана Франк“, како и на откупната награда за расказ на дневникот „Нова Македонија“, за расказот „Соба со тенки ѕидови – сонувајќи го Цејлон“ (2011). Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (ИЛИ-ИЛИ, 2013) влезе во потесниот круг за наградата Роман на годината на „Утрински Весник“. Неговиот втор роман, „Собирачи на пепел“ (ИЛИ-ИЛИ, 2016) ја освои наградата Роман на годината на „Утрински Весник“.
Дали кога ќе ти прегори душата, кога ќе изгориш целосно, телото ти останува само форма од празнината која ти ја одредила судбината, кога те снашла несреќата?