Блаже Конески е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност.
„Земјата и љубовта” е прва објавена стихозбирка на Блаже Конески. Поделена е на четири циклуси. Првите два опфаќаат по седум песни, а потоа следат двете поеми: „Средба со Жинзифов” и „Мостот”. Покрај антологиската „Тешкото”, со којашто започнува првиот циклус, би ги издвоил и „Утро“, „Дојран“ и поемата „Средба со Жинзифов“.