Кој е изборот за еден уметник кога создавањето уметност е недоволно за основно преживување? Можеби да ја комерцијализира својата уметност? Да ја промени професијата? Да ја смени визијата за светот и да се вклопи во неговите невидливи страни во професија од типот на... платен убиец? Приказна раслоена во делови што во себе носат и гнев и пркос, и хумор и гротеска, и идеализам и сајбер-реалност. И љубов. Раскажана од две перспективи – машка и женска, оваа приказна е фино испреплетена мозаична сложувалка во која на крајот ќе се состават сите делчиња.
Книга која во основа е трилер, но во никој случај не е “обичен трилер”. За содржината нема да зборувам, особено заради тоа што едвај ја дочитав со оглед на настаните во претходниве денови кај нас, тешко беше испреплетувањето на реалноста со тоа што се случува во книгава. Трилер како трилер, ги има сите потребни “состојки” што треба да ги има… Настрана од содржината, начинот на кој е напишана е преубав и е задоволство да се чита. Описите на природата, местата, ликовите и сѐ наоколу се впечатливи и многу “уметнички”, дури има и филозофија/психологија до некој степен, а приказната е раскажана наизменично од два ликови, кои со текот на развивањето на дејствата, конечно се спојуваат и нивните судбини кулминираат во заеднички крај ✨