Лазарка е фиктивен лик создаден од поетесата Силвија Плат и истовремено е матафора за жената која во хетеронормативното општество е омеѓена во „розовото гето“. Лазарка е и Силвија Плат и Дора Карингтон и Ева Браун и сите други женски ликови кои преку алузии и директни цитати упатуваат на силни авторки и уметници, жени кои се бореле да излезат од сенката и од доминацијата на нивните машки партнери, а истовремено да востановат рамноправен поредок во нивните односи. Користејќи ја наративната техника „тек на свеста“, преку внатрешните монолози и конфликти на главниот лик - современа, угледна жена, која е осамена и суицидна - се преплетуваат приказните на изневерената Силвија, безнадежно вљубената Дора и страдалничката Ева и се отвора еден богат феменистички книжевен ареал, што му додава вредност на овој дебитантски роман.