Jump to ratings and reviews
Rate this book

Интимно со пандемијата

Rate this book
„Интимно со пандемијата“ е збирка од 26 раскази од 17 автори, кои со читателот ја споделуваат интимата на главните ликови во време на пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, преку записите кои ги водат во нивните дневници. Се работи за шаренило на нарации и главни ликови кои заедно сочинуваат еден мозаик, едно дело кое по години би се читало како сведоштво на ова тешко време на пандемија.

Оваа збирка раскази со својот сензибилитет од целиот мотив прави книжевна мултидимензионална инспирација, која зачувана на страниците од „Интимно со пандемијата“ дава нов увид на времето на пандемија како одговор на ситуацијата што е поголема од сите нас.

122 pages, Paperback

Published April 16, 2021

8 people want to read

About the author

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
12 (92%)
4 stars
0 (0%)
3 stars
0 (0%)
2 stars
0 (0%)
1 star
1 (7%)
Displaying 1 - 3 of 3 reviews
Profile Image for Stefani.
1,495 reviews56 followers
June 22, 2021
Минатата година имавме можност да ги читаме расказите на нашите сограѓани во групата Ковид дневници, а годинава здружението Креативна верига ни ја донесе и првата збирка раскази од група автори, некои веќе нам познати, а за некои допрва ќе слушаме 😀
Интимно со пандемијата е одлична иницијатива и верувам дека секој би се препознал во некој од овие раскази. Jordan Kocevski веќе сум имала прилика да го читам и со нетрпение чекам да објави роман, Martina Pavlovska Durlanova готвеше и можев да го слушнам гласот на нејзината ќеркичка Каја додека уживав во нејзините зборови. Особено пријатно ме изнаненади Димитар Димоски со чие дело се сретнав за прв, но не и последен пат, ме убеди дека треба да го прочитам Роберто Болањо!
Останатите автори се: Алберта Гулицовска, Александар Маркоски, Гордана Балеска Трифуноска, Дамјана Видическа, Еди Кела, Елена Димитровска, Јован Цветкоски, Лидија Стефановска, Марина Димовска, Марина Икономова Шокева, Мерсиха Исмајлоска, Рената Панчова, Сеад Салкоски, Силвана Панева.
Доколку сакате да читате раскази и тоа од домашни автори, ова е одлична збирка. Примерок може да набавите преку некој од авторите, а во Скопје може да го купите во Стрип книжарницата Бункер 📚
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books144 followers
April 15, 2021
Секогаш кога почнувам да читам збирка раскази со дела од различни автори се чувствувам како да играм лото. За среќа овие раскази за мене беа добитна комбинација.

Седумнаесетте автори застапени во „Интимно со пандемијата“ преку своите раскази создаваат јасна претстава за психологијата на луѓето во пандемија, затоа што секој расказ раскажува нечија лична приказна и нивно индивидуално доживување на пандемијата, било тоа да е нивната носталгија за животот кој недостига во деновите на карантин, нивната надеж дека сè ќе заврши брзо, борбата да се живее „нормално“, да се биде „затворен“ со најблиските членови од семејството и проблемите кои произлегуваат од тоа, понекогаш раскажано од аспект на родител, на женски лик, а некогаш дури и од детенце. Ваквото шаренило на нарации и главни ликови го прави секој еден главен лик парче од мозаикот, со што се добива крајното дело, а тоа е животот на луѓето во ова тешко време на пандемија.

Мислам дека секој читател ќе се пронајде во некои од ситуациите опишани во збирката.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books37 followers
July 10, 2021
Освежувачка збирка составена од 23 раскази од 17 различни автори.
Разновидноста го прави своето и само ве тера побрзо да го завршите едниот К19 расказ само за да ги вкусите мислите на авторот кој го напишал следниот.
Палетата автори, некои докажани, некои во зародиш и мноштвото различни стилови, од веќе оформени и препознатливи до „китени“ и помалку школски, направија навистина да уживам во секоја реченица.
Топло ја препорачувам.
Displaying 1 - 3 of 3 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.