Jump to ratings and reviews
Rate this book

Виктор Николов #2

Сигурен ризик

Rate this book
Две години по своето враќање од Виена, полицискиот инспектор Виктор Николов живее мирен живот во Скопје и сè повеќе се зближува со својата деветгодишна ќерка, Теона. Мирната есенска идила е нарушена едно септемвриско утро кога телото на дваесет и деветгодишната новинарка Драгана Несторовска е пронајдено во багажникот од нејзиниот автомобил. Причината за смртта е недостиг на воздух, како резултат на давење.

Виктор е под притисок што побргу да го разреши случајот додека на површина излегуваат сомнителни детали од минатото на новинарката, како и одреден број на осомничени што би можеле да имаат мотив за нејзиното убиство. Меѓу нив се и наркоманот од непосредното соседство, нејзината најдобра пријателка и повремена љубовница, но и кандидатот за претседател на претстојните претседателски избори…

336 pages, Paperback

First published January 1, 2021

25 people want to read

About the author

Ande Jankov

6 books82 followers
Ande Jankov (Анде Јанков) (novelist, poet, literary critic) was born in the leap year of 1988, and his life has been a rollercoaster ever since. A graduate economist from Ss. Cyril and Methodius, he has used his vast knowledge of various subjects in his writing career.

His debut novel, ''A Summer on Crete'' (Едно лето на Крит, 2016) received the award Romanijada, awarded by the publishing house ''Kultura'' for Best Debut Novel by an emerging author.

Afterwards, he sat his sights on expanding the crime and thriller genres on the Macedonian market, by introducing Viktor Nikolov, his detective protagonist in an ongoing series of novels: ''Vienna Game'' (Виенски гамбит, 2020), ''Calculated Risk'' (Сигурен ризик, 2021), ''Only God Forgives'' (Само Бог простува, 2022), "Kobayashi Maru" (Кобајаши Мару, 2024) and "Memento Mori" (2025).

He also created the literary podcast ''Literary conversations'' (Книжевни разговори), whereas he conducts interviews with the newest darlings of Macedonian genre literature. The podcast has five seasons and 70 episodes, with more than sixty guests.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
63 (72%)
4 stars
15 (17%)
3 stars
7 (8%)
2 stars
2 (2%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 - 30 of 35 reviews
Profile Image for Anchi.
410 reviews92 followers
July 11, 2025
Конечно после толку години го читам вториот дел од серијалот на Анде. Ако Виенски гамбит ми беше како за солидна тројка, продолжениево е нешто подобро, да речам помалку од 4 ѕвезди. Зошто? Затоа што имаше малку повеќе нешта што не ми се допаднаа отколку такви што ми се допаднаа.

Ликот на Виктор - солидно изграден, дали поради тоа што е македонец ми беше некако пореален, лесно си го замислив како вистинска личност. Дали Виктор е нешто премногу допадлив? Па, така-така. Ми се допадна тоа што почнуваме подобро да го запознаваме, не е само прецртан лик на хартија, од страна во страна ист и невпечатлив. Ми се допадна и тоа што е посветен на кариерата, си ја врши работата со љубов, не е тотално рамнодушен и антипатичен како инспекторите во други криминални трилери. Но, Виктор ми оддава впечаток на маж со недоволно развиена емоционална интелигенција. Особено при една неочекувана случка во книгава кога не воочив никакви емоции од негова страна - лутина, бес, тага, чувство на загуба - емоции што би ги очекувала од секој главен лик во некоја трагична ситуација. Па и при размислувањата за бившата сопруга некако како стиснат да беше со емоции, нималку бурен и страствен, како да не знае што сака и на што стои од романтичен аспект. Се надевам во следните делови конечно ќе се одлучи и стабилизира, иако поради одредена негова одлука во минатото навивам да си остане сам.

Ликот на Фросина - која е смислата на постоењето на овој лик, освен да направи потенцијални сплетки? Инспекторка почетник која излегува на терен во тесно здолниште и високи потпетици? Тешко веројатно. Уште поневеројатно е да си го поканиш надредениот на состанок, и тоа после недела-две познавање. Моментално ме потсетува на опседната демначка нејзиниот лик, се надевам ќе биде корисна понатаму и ќе се фокусира на својата кариера.

Дејството - развиено со добро темпо, но без премногу возбуда и напнатост. Да, искрено, кога немав време да читам мислев на книгата и чекав момент повторно да ја отворам, но можеби поради тоа што очекував нешто необично и шокантно да се случи во секој момент, а не се случи. Најголем дел од поглавјата завршуваат без некој откриен пресврт, без драматични ефекти, а во таков случај, кога интензитетот е на некое предвидливо ниво, за мене е полесно да ја оставам книгата и да ми остави послаб впечаток.


Полициската истрага - случајот со убиството во книгава и не беше некој комплексен, бројот на ликови и можни негативци е ограничен и не е толку тешко да се дојде до претпоставка за убиецот. Не ми се допадна тоа што не беа баш прецизно истражени некои работи, како на пример потенцијалните осомничени, особено бившите партнери на жртвата. Потоа, предметот со кој е извршено главното убиство, кое во случајов е кеса, ми беше банално да се бара во домот на осомничените, ко само една кеса да чува убиецот по дома, и зошто би си ја задржал и чувал баш таа кеса со која извршил убиство?? Покрај овие нешта, како за Скопје, тешко дека вакви настани нема да претечат во јавноста и да предизвикаат огромна реакција, особено ако се дознае дека вплеткан е кандидат за претседател на држава? И, најнеуверливо, како еден инспектор се среќава во јавност да зборува за полициска истрага со кандидат за претседател?

Расплетот - ми се допаѓа тоа што проникливоста на Виктор придонесе конечно да се расчисти случајот, но ми беше малку разочарувачки тоа што немаше некој поинтересен plot-twist.

Како бонус, неповрзано со самата истрага и ликовите, многу ми се допаднаа некои од животните размислувања вметнати низ книгата, особено во епилогот, преубаво напишано и кажано.

Тука ќе застанам со тоа, иако има уште што да се збори, за да не одолжувам многу. Авторот има осет за пишување и тоа е очигледно, си има свој стил кој воопшто не е аматерски и генеричен како што очекуваат некои читатели од македонските писатели. Оттука, можам да се надевам дека серијалот само ќе де подобрува, се надевам нема да ме разочара.
Profile Image for Biljana Martinovska.
13 reviews7 followers
April 13, 2021
„Луѓето се ирационални суштества. Не го правиме секогаш она што е најлогично во даден момент. Напротив, може да се каже дека ретки се моментите кога постапуваме исправно.“

За нашите постапки самите сносуваме одговорност. Тоа било отсекогаш така. Но, да, ние луѓето сме понекогаш ирационални и не секогаш умееме да постапиме исправно.
Врвно авторско остварување на нашиот Анде Јанков! Страниците ги вртев во исчекување, замислувајќи ја следната сцена и очекувајќи уште повисок адреналински шок од претходниот. Ниту за момент не ме зафати монотонија, сакав да останам будна што подолго за да дознаам што ќе се случува понатаму. Низ мајсторски вешти описи на ликовите и сцените, авторот не води низ улиците на нашиот главен град, каде ниту во најдлабоката ноќ не е тивко. Токму низ тие улици како камелеон успева да се сокрие оној кој е одговорен за убиството на младата новинарка, а тимот на русокосиот инспектор, со посебен шарм и харизма, неуморно работи на неговото откривање.
Восхитувачки метафори, неочекувани пресврти, сцени од кои ви запира здивот... сето тоа е квалитетно вклопено во уште една возбудлива приказна за инспекторот Виктор Николов, со што ја буди кај вас потребата да читате уште и уште. Навидум се чини лесно да претпоставите кој е виновникот, но со самиот тек на настаните и копањето по минатото на убиената, сфаќате дека се лажете себеси. Дека ништо не е така како што изгледа. Кога некој се одлучил да ризикува, тогаш оди на се` или ништо. Тоа не значи сигурен ризик. Тоа може да значи и сигурна пропаст.
Се` до последната страница, со многу умешност и силна авторска имагинација и поткованост која им доликува на врвни раскажувачи, романот го држи во целост вашето внимание. Мојата восхитеност од овој роман е поголема од првиот. Не дека „Виенски гамбит“ нема своја вредност и квалитети. Напротив. Но, „Сигурен ризик“ е нешто повеќе од тоа. Ме воодушеви целосната посветеност на некои сосема мали „нишки“ при раскажувањето. Толку мали, а толку големи при создавање на целокупната слика на ова прекрасно дело, кое навистина вреди да се прочита!
6 reviews9 followers
February 13, 2022
Сигурен ризик е вториот дел од приказната за инспекторот за крвни деликти, Виктор Николов. И ако во првиот дел Анде низ приказната нѐ шеташе низ преубавата Виена, овде нѐ шета низ наше најубаво Скопје. Не само што нѐ шета, нѐ вози низ мајсторски опишаните сцени. Читливо, со описи по моја мерка, со разработување на ликовите и настаните подеднакво мајсторски како светски автори.
Имено, приказната на Виктор во оваа книга започнува две години по приказната од првиот дел, со убиството на младата, надежна интернет новинарка Драгана, која е пронајдена мртва во багажникот од нејзиниот автомобил. Истрагата бавно напредува, се чини дека не постојат докази кои ќе упатат кон потенцијални осомничени, сѐ до еден момент на пресврт од каде што Анде со неговите идеи преточени во текст како да ме качи на ролеркостер и започна лудото возење до расплетот на приказната.
Периодот на убиството е поклопен со периодот на претседателската кампања во Македонија, а новинарката Драгана често пишувала политички статии за двајцата противкандидати, Аритоновски и Спасов. Дали тоа можеби дава правец во истрагата? Ќе видите сами. Она што можам да го кажам е дека мене лично многу ми се допадна што приказната е толку непосредна, реална и опиплива. Буквално може да се замисли како вистински настан во нашава држава.

На почетокот сметав дека книгава е крими-драма повеќе од трилер, сѐ до оној пресврт којшто веќе ви го спомнав. И иако можеби првиот дел од книгата е побавен, максимално уживав во секоја реченица, во сите описи и компарации.

Убиецот? Ма, нема да го погодат и оние читатели со најистенчен вкус за трилери.

Анде, уште еднаш, мајсторе, капа долу! Ако по првиот дел оставив простор да ме изненадиш со твојот напредок, денес со завршувањето на последната страница од вториот дел, можам да потврдам дека писателски си се изградил да си рамо до рамо со светски писатели кои се преведени кај нас. Секоја чест, едвај чекам да прочитам што се случува во третиот дел којшто веќе го најави - Само Бог простува. ✨
526 reviews58 followers
June 7, 2021
Поминати се две години од убиството на Весна во Виена, и инспекторот Виктор има нов и невообичаен случај. Среде Скопје, во својот автомобил, во багажникот, е пронајдена мртва новинарката Драгана. Која е причината за нејзиното убиство? Дали некое нејзино истражување или бурниот приватен живот што го ��одела? Виктор има тежок случај пред себе. Истрагата ќе го наведе да го преиспита целиот живот на младата Драгана, сите приказни на кои работела и сите луѓе со кои се дружела. Истрагата ќе го одведе во сосема неочекуван правец. Кандидати за титулата „убиец“ има многу. А тука е и брат му Даниел, кој сега е познат писател на крими-романи и се обидува да му помогне и со убиството и со приватниот живот.

Овојпат дејството на романот е во Скопје. Авторот буквално ме прошета низ скопските улици, се чувствував како заедно со Виктор да се возам низ градов. Добив и шанса да ѕирнам во неговиот приватен живот. Сега ги запознаваме и поранешната сопруга на Виктор и неговата сега веќе потпорасната препаметна ќеркичка Теона. А тука е и помалиот брат Даниел, а и колегите од полициската станица.

Морам да признам, овој роман ми се допадна повеќе од првиот. Приказната е подобро разработена, ликовите се повеќе на број и се подобро опишани. Описите на скопските улици се толку живописни што на моменти си го гледав градот со подруги очи. Ми се допаднаа и ликовите, и Виктор, и Даниел, и Теона, и Филип. Целата приказна е баш онака светска, а сепак наша. Едно големо БРАВО за Анде.
Profile Image for Elizabeta Najdoska.
22 reviews2 followers
December 27, 2024
„Сигурен ризик“ од Анде Јанков- одлична книга!

Со секоја страница, читателот е вовлечен во маестрално изградената мрежа од сомнителни мотиви, меѓучовечки односи и социјални контексти. Приказната суптилно ги прикажува последиците од одлуките и влијанието на минатото врз сегашноста, поставувајќи прашања што остануваат долго откако ќе ја завршите книгата.

Освен прекрасната изградба на ликовите и дејствијата е делот и како Јанков успева да ја прикаже географијата на Скопје, улиците, зградите и атмосферата кои не се само позадина, туку „жив лик“ што придонесува за изградбата на напнатоста. Чиста десетка!

П.с: Од овие книги за инспекторот Виктор може да се направи многу јака серија исто како бугарската ,,Под прикритие” , само ако на некој од Министерството за култура кај нас им текне дека вложувањето добри пари за ваков филм-серија, може да донесе голем напредок за нас како држава и развивањето на филмската индустрија. Приказна имаме, глумци ќе најдеме уште треба ќесето да го одврзите!
Profile Image for Loreta Kostovska.
86 reviews3 followers
June 24, 2025
Супер продолжение на приказната за инспекторот Виктор. Ми се допадна тоа што го запознавме подобро и него, и неговите колеги. Приказната ми е супер, се си се случува во одлично темпо. Има тензија, исчекување, неизвесност, елементи на изненадување, се што му треба на еден крими роман. Единствено ми беше чудно тоа што авторот користи многу англицизми. За "Паричка за твоите мисли" и "слонот во собата" верувам дека можат да се најдат соодветни замени во македонскиот јазик. Но, целосниот впечаток за Сигурен ризик е одличен. Одиме на следната 😁
Profile Image for Денис Бојаров.
13 reviews21 followers
May 4, 2021
„Виенски гамбит“ нè прошета низ Виена, а сега со „Сигурен ризик“ се враќаме на улиците во Скопје, се возиме во полицискиот автомобил на главниот протагонист, инспекторот Виктор Николов, кој пред две години ѝ помогна на инспекторката Карен да го разреши случајот во Виена, а сега во Скопје се обидува да го разреши случајот со смртта на младата новинарка Драгана, која е пронајдена мртва во сопствениот автомобил. Причината за смртта е давење, но причинители има многу. Лесно ли е да се разреши случај и да се пронајде виновникот кога располагате со оскудни информации за жртвата? Таман ќе си одговорите на едно прашање, ќе ви се јави следно. И следно. И следно... сè додека не сфатите дека сте стигнале до крајот на книгата.
Во „Сигурен ризик“ Виктор го запознаваме малку подетално од „Виенски гамбит“. Во овој крими-роман ги запознаваме неговата поранешна сопруга, неговата ќерка, со која има неверојатно близок однос и со неговата нова колешка на работа, која несебично ќе му помага во работата, неговите колеги од секторот – неуморната полициска екипа.
Анде продолжува да внесува свежина во жанрот, и тоа не само со содржината, туку и со формата. Неговиот раскажувачки стил е веќе добропознат меѓу читателите и важи за изграден писател со свој сопствен стил. Секоја чест и за трудот во однос на полициските извештаи, сите истражувања и, воопшто, за целата книга. Многу реално ги претставил полициските можности во Македонија. Приказната дефинитивно е заводлива и верувам дека крајот ќе ги изненади и најпроникливите читатели. Ја препорачувам со драго срце. Знам дека ќе ви се допадне.
Profile Image for Вики.
83 reviews
October 13, 2025
Сигурен ризик - втор дел од серијалот за Виктор Николов на Анде Јанков.

За нијанса подобар од првиот дел. Со нетрпение очекував да дознаам кој е негативецот. Овојпат Виктор нè носи низ Скопје, решавајќи го убиството на новинарката Драгана. Заплетот е исполнет со интересни и неочекувани случки, а целата приказна тече динамично и возбудливо. Верувајте, нема да зажалите ако ѝ дадете шанса и на оваа книга - особено ако првиот дел ви се допадна.
Profile Image for Tatjana Turaji.
2 reviews1 follower
November 19, 2022
Романот започнува со убиство на млада новинарка која е пронајдена задавена во сопствениот автомобил. Не би сакала да навлегувам во содржината на книгата,но сакам да издвојам што ми се допадна.
Автентичноста на романот се согледува во познавањето на полициската работа и интерните односи се реално претставени. Описите на Скопје ни ја доловуваат сликата на градот и за оние кои не сме таму и имаме носталгија по Скопје магично не пренесуваат во секоја од улиците и знаменитостите на градот.
Стилот на писателот е лесно читлив и држи внимание. Ми се допаѓа што има и жаргонски и стручен јазик. На таков начин ни го отсликува реалниот живот.
Истрагатата која се води за убиството на младата новинарка е толку живописно прикажана што ве тера да се поврзете со приказната.
Исто така,во книгата се проткаени проблемите во Македонија од политички аспект и преку дијалози авторот ги изразува своите ставови за тоа како треба да изгледа политичката сцена.
Најмногу ми се допадна начинот на кој е испланирано и прикриено убиството.
Според мене ова е една маестрална книга,која секој треба да ја прочита.

Оценка ⭐⭐⭐⭐⭐
Profile Image for Кире Мастерс.
42 reviews2 followers
November 30, 2024
Кога човек ќе ја прочита оваа книга, едноставно посакува полицијата да беше толку добро ефикасна и во реалноста.

Огромен напредок од првиот дел од серијалот.

Ја дознаваме малку поемотивната страна на главните ликови, а споредните се многу подобро претставени.

Антагонистот многу ми се допадна (иако филозофијата на Макијавели ја мразам од дно на душа).

Доживувањето при читањето на оваа книга беше засилено и поради фактот што локациите каде се одвиваат главните настани ми се многу добро познати и беше многу едноставно целото дејствие да се визуелизира.

И да не заборавиме, оваа книга е една од ретките за кои можам да кажам дека има, хммм...саундтрак :) .
Како што писателот опишува во сцената која песна свири во позадина, слушајќи ја истата додека ја читате истата сцена дава дополнително доживување. Барем мене.

Profile Image for Jovana A..
10 reviews2 followers
February 2, 2025
Втора книга од серијалот за инспектор Виктор Николов, овој пат се враќаме во Скопје каде следи не едно, туку дури 2 убиства и 2 обиди за убиство. Анде во оваа книга си поигра со мојот ум, бев убедена дека знам кој е убиецот сѐ до самиот крај, сепак останав занемена од текот на настаните, во позитивна смисла на зборот.

Ми се допаднаа ликовите, развојот на дејството во книгата, деталниот опис на улиците низ Скопје и краткото патување до Велес. Мислев дека се работи за поедноставн�� приказна, но пријатно се изненадив од комплексноста на случајот.

Во оваа книга доста уживав во остроумноста и храброста на Виктор, иако да бидам искрена ми фалеше Даниел, брат му со кој одлично се согласуваа, а понекогаш и препираа, typical sibling behavior if you ask me.

Можеби не ми се допадна почетокот, но крајот вредеше. Исто така, Виктор ми делува по малку неодлучно на љубовен план што, како љубител на романси, ме иритираше.
Profile Image for Monika Paloska.
17 reviews14 followers
June 23, 2021
Патот до врвот може да биде многу скап. Некого го чини углед, некого слобода, а некого врвот може да го чини и живот. Во борбата за поголем престиж и повисока позиција лесно се достигнува дното, во каков и да е смисол.
Драгана, млада новинарка пронајдена е мртва во гепекот од нејзиниот автомобил. Еден повик, еден поглед кон жртвата и низа траги кои што водат во ќорсокак ќе ја засилат мигрената на инспектор Николов. Вртоглаво брзо трчање на полицијата по скопските улици во пресрет на претседателските избори ќе ги разниша односите во партијата на омилениот кандидат за иден татко на државата. И токму кога убиецот ќе биде зад решетки следува откровение. Само една реченица ќе го однесе Виктор до соочување со демонот и до нова димензија од истрагата - доказ и признание.
Многу жртви, многу ликови убаво изградени, многу авторитет, сѐ на место, сѐ со вкус, сѐ скоцкано по моја мерка.
Преплет од акција, трилер, секојдневие, истрага, загуба, убиства, амбиција, лаги и чуден фетиш. Мала сексуална игра како кобна завршница.
И овој пат Анде раскажуваше, јас уживав. Во деталите, во прецизноста, во веродостојноста на секој збор. Доживеав едно поинакво Скопје, уште еднаш го засакав градот под Кале и го почувствував дождот и ветрот во миговите кога срцето на главниот јунак и на читателот чукаа во ист ритам.
Profile Image for Books_vsmovies.
16 reviews3 followers
March 27, 2024
Во вториот дел од серијалот ,,инспектор Виктор Николов", авторот Анде Јанков не води низ улиците на нашето Скопје. Во оваа книга може да се примети неговото созревање како автор, неговиот стил е појасен а мора да признаам и заплетот е многу поинтригантен и непредвидлив. За еден љубител на трилери како мене, успеа на мајсторски начин да ме ,,прелаже" на неколку пати во врска со негативецот.
Ликовите се поцврсто структурирани, хуморот е подобар но и дејството е брзо и динамично. На моменти изгубив поим со времето додека ја читав книгата.
Со нетрпение чекам да го почнам третиот дел од серијалот, ,,Само бог простува".
Profile Image for Anarcho Femmina.
6 reviews1 follower
October 24, 2025
Книга која веднаш ти го фаќа вниманието и не те пушта до последната страница.

Заплетот е полн со неизвесност, криминални заговори и лични дилеми што го држат читателот во трепет.
Ликовите се веќе познати, но тука добиваат повеќе простор да се развиваат и да се покажат во поинакво светло.

За љубителите на крими трилери, ова е авантура која вреди да се прочита и која го одржува темпото и интригата што Јанков ја гради во серијата.
Profile Image for Зоран Милошевски.
Author 6 books37 followers
March 13, 2022
Анде не' не разочара ни овој пат. Напротив, баш како и што очекував, со текот на времето станува се подобар и подобар, стилот му еволуира, начинот на изразување, исто така, а излегува и од втемелените шаблони на крими романите и им дава една нова, само за него препознатлива димензија.
Со задоволство ќе го читам новиот роман ИВН#3.
Profile Image for Boban Ilijevski.
1 review
July 11, 2022
Како голем обожавател на крими трилери, можам слободно да кажам дека главниот лик во „Виенски Гамбит“ и „Сигурен Ризик“, Виктор Николов, во голема мера ме потсетува на два мои омилени ликови - Хари Хуле и Хери Бош. Оние коишто читаат ваков жанр многу добро знаат за колку комплексни ликови станува збор. Ликот на инспекторот Виктор Николов е толку добро креиран што можеш додека ја читаш книгата да ја искусиш секоја негова емоција или реакција. Навистина интересен лик.
3 reviews
January 21, 2022
" Постои такво нешто како вистинско зло " . Криминалистички трилер кој нема да ве остави рамнодушни. Приказна каква што секој љубител на трилери би сакал да ја прочита. Мене лично ме воодушеви. Толку добро обработени настани,добро осмислени и опишани ликови,дејствија кои ве тераат се повеќе и повеќе да читате за да дознаете што наредно ќе се случи. Мистерија која е неизвесна се до самиот крај . Од мене ,како еден скромен читател , едно големо браво и секоја чест за авторот.
Profile Image for Соња Николова.
39 reviews11 followers
July 10, 2021
Навистина уживав во читањето.
Одличен трилер...
Едвај го чекам третиот дел
Profile Image for Ana.
50 reviews5 followers
May 22, 2021
Солидна приказна, подобра од претходната книга во серијалов. Одвај чекам да видам што следува.
Profile Image for Macenka Vasilka_HP.
80 reviews2 followers
April 17, 2021
Колку вреди еден човечки живот и дали нашиот мозок е спремен да ги прифати последиците на нашите дела? Дали моралниот чин е само наша илузија или широко прифатено гледиште на околината во која живееме.?Каде е границата на ризикот кој го правиме за да стигнеме до целта?
Романот Сигурен ризик ќе ве натера да ги пронајдете одговорите на прашањата и ќе ве внесе во животот и секојдневните предизвици со кој се соочуваат чуварите на законот на чело со полицискиот инспектор Виктор Николов. Истовремено ќе ве опие со прекрасниот наратив, описот на околината и главните ликови, на нивната состојба на умот и предизвиците со кои се соочуваат. Ќе ве прошета низ улиците на главниот град и ќе ве однесе во деловите каде што со самото читање вашиот ум ќе направи слика на сето за кое не сте ни биле свесни дека постои.
Роман кој нема да ве остави мирни додека не го дочитате, додека не ја дознаете тајната на главните и споредни ликови, ќе посакувате да бидете со нив за да им помогнете. Ќе ве натера да размислувате за постапките кои ги правиме и последиците од нив.

Писателот Анде Јанков со овој роман го усоврши својот стил на пишување и се вклучи во групата на „must read„ македонски писатели. Додека неговите романи Виенски Гамит и Сигурен Ризик се дел од „must have books„.
Profile Image for Dime Mishkov.
6 reviews
June 8, 2025
“A Safe Risk” is an exceptional sequel in the Viktor Nikolov series, delivering even more twists and high-stakes action. Jankov masterfully weaves a suspenseful tale involving politicians, journalists, and a deeper look into Viktor’s personal life, all set in the familiar streets of Skopje. With its immersive plot and relatable setting, this is a must-read for crime thriller fans—highly recommended!
Profile Image for Aleksandra Stojanoska.
55 reviews3 followers
June 30, 2025
“Сигурен ризик е избор без победник.“

“Кога сè ќе се сруши, единственото нешто што останува е одговорноста за сопствената постапка.“

Анде, маестрално и доста умешно си ги ставил сите ликови во книгава на работ од бездната за своите одлуки, па така секој нивни чекор ги турка понатаму за да го достигнат своето ослободување од товарот кој го носат и тоа баш во оној момент кога сфаќаат дека ништо не ги држи назад, па стануваат похрабри да го прават она што го наумиле. Тоа е баш оној дел кога стануваат свесни дека ��овеќе нема што да изгубат, па секој ризик што ќе го преземат е Сигурен ризик, иако е неминовен, што значи дека ќе се случи, прашањето кое се поставува е само со какви последици. И кога нема што да изгубиш, има што да изгубиш. Акција- реакција -последици. Феноменално.

Иако на прв поглед структурата на книгава е класичен трилер, осомничени, лажни траги, пресврти, не идеализирани ликови.....итн. итн, јасно те освестува дека во животот можеш да “Одиш на сè или ништо“, ама те освестува и дека последиците од носењето на некоја екстремна одлука, дури и кога веруваш во тоа дека нема што да изгубиш, има што да изгубиш. На крај цената мора да ја платиш. Само прашањето е - Можеш ли да ја платиш? И ако можеш – ќе бидеш ли слободен, ќе можеш ли со тоа што ќе го добиеш да живееш? Ќе знаеш ли или ќе можеш ли да се справиш со последиците? Точно е дека целта ги оправдува средствата, ама по која цена. Можеш ли да живееш со последиците од тоа? Да направиш нешто со совест, дури и кога си свесен дека ќе те кошта нешто, носи ризик, ама ризикот не е само резултатот или она што ќе го добиеш, туку тоа е и цента на дејствувањето. Вреди ли?
Книгава не тера да разбереме, да дознеме, да се запрашаме - Преземеме ли сигурен ризик во животот само за да останеме луѓе? Преземаме ли ризик бидејќи едноставно не сакаме да молчиме и мора да се дознае вистината? Ќе преземеме ли ризик, ќе ги прифатиме ли последиците оти мислиме дека можеме да ги контролираме? Или ќе преземаме ли ризик поради однесувањето на другите?

Иако сите ликови во книгата се соочуваат и судруваат со различни граници како, морал, страв, вистина, интерес, дилемата е: Што вреди повеќе – да преживееш, или да останеш човек? Како што рекол Жан Пол Сартр – Човекот е осуден на самиот себе си! Што би значело дека дури и кога ништо не е сигурно, треба да се донесе одлука. Е токму таа слобода за носење одлука што ни дава право на избор преставува товар, и така секој човек е доведен до сознаието: Ако сега не одлучам, ќе го изгубам правото на себе си.

И овој пат си создал дело кое продира до срцевината на вистината и трепери од човечноста. Не си напишал приказна, туку си отворил дскусија на нашата совест.
Profile Image for Јордан Kocevski).
Author 10 books145 followers
December 24, 2021
„Сигурен ризик“ на Анде Јанков е дело кое може да се рамни со светските трилери, едноставно затоа што има се' она што еден добар трилер треба да поседува, специфичен главен лик со комплициран приватен живот, тим полицајци и детективи, невообичаен случај, многу осомничени, доволно акција и се разбира тензија која цело време ќе ве тера да погодувате кој е убиецеот.

Тоа што најмногу ми легна, за разлика од „Виенски гамбит“ е што во оваа втора книга од серијалот подобро го запознаваме Виктор, што е и очекувано затоа што дејството сега се одвива на домашен терен. Кога мртвото тело на Драгана е пронајдено во багажникот на нејзината кола, целото одделение за крвни деликти работи на случајот. Виктор не е супер-детектив, што е огромен плус за мене, затоа што реалните истраги зависат од цел тим на луѓе кои работат на случајот, како во оваа книга. Хемијата на членовите од тимот е одлично доловена, при што Анде си игра со стереотипите и секој член има одредена функција и придонес кон истрагата.

Секоја глава од книгата ќе ве остави со мал cliff hanger, во исчекување што ќе се случи наредно. При тоа Анде вешто ни дава доволно информации за да не' заинтересира и натера што побрзо да преминеме на наредната глава со цел да дознаеме што е тоа што ги придвижило настаните во претходната.

Што се однесува до самото дејство, односно истрагата, истото е одлично изведено и додека ја читав книгата имав впечаток дека следам истрага која вистински се случува во Скопје. Кон тоа придонесе начинот на кој тече истрагата, од барањето на осомничени до нивно елиминирање, како и повторна потрага по докази. Се разбира тука се и локациите кои се вешто одбрани.

Себе си се сметам за спор читател, но како се доближував до крајот така гледав да најдам што повеќе време за читање. SPOILER AHEAD (расипувач на забава): Посебно ми се допадна што истрагата го има оној момент на вистинска истрага, кога постои безнадежност и сите траги водат во ќор сокак. Се сомневав во повеќе, но цврсто бев убеден во еден лик дека е убиецот, на кој виктор случајно налета на местото на злосторството и го застрела, за тогаш да дојдеме до нови докази и заклучоци и трага до вистинскиот убиец.

Доколку сакате добар трилер, тогаш немојте да ја пропуштате „Сигурен ризик“.
Profile Image for Сузана.
Author 7 books13 followers
January 5, 2025
„Сигурен ризик“ е книга преку која се запознав со творештвото на авторот Анде Јанков. На прва ме освои свежината на пристапот и современоста на наративот, начинот на обликување на ликовите и нивната лична драма, која тече како прикаска во прикаска, во позадина на самата криминалистичка фабула која го гради скелетот на текстот. Авторот користи бројни детали во доловување на атмосферата, продуцирајќи речиси филмски кадри, кои течат спонтано во функција на заплетот и лесно минуваат еден во друг, носејќи го читателот неосетно од првата до последната страница, со сосема доволна доза на напнатост за да го држи вниманието и интересот. Она што ми се допаѓа е заплетот, кој е добро осмислен и изведен, и дава логична и не лесно предвидлива разрешница на крајот. Од друга страна, текстот, во модернистички дух, обилува со реферанци на бројни локации, улици и урбани пејзажи на модерно Скопје, понекогаш и на култни места во градот, со специфична градска атмосфера и во духот на градот, со музика која оди како своевидна позадина на настаните, а особено ги доловува емотивните состојби на јунаците, и конечно, бројни филмски поврзници преку кои јунаците, иако локални, се поистоветуваат со светски познати, модерни икони на поп културата. Сите овие детали ѝ даваат еден поширок културолошки аспект и на самата нарација и ги оживуваат ликовите обогатувајќи ги нивните класични жанровски архетипови со психолошки богат материјал, така што со нив може да се поврзе секој читател.
Она што единствено би го истакнала како некој мал недостаток е повремената употреба на одредени наративни клишеа, можеби и како карактеристика на самиот жанр.

Со други зборови, се работи за интересен, модерен роман од криминалистичко-детективски тип, кој сигурно ќе им се допадне на сите љубители на овој вид литература и кој апсолутно вреди да се прочита.
Profile Image for Kiril Ангелов).
Author 2 books16 followers
November 12, 2025
Што да се напише за олку силен и моќен втор дел за Виктор Николов?

Анде овојпат ни дава нова перспектива во животот на инспекторот; нè пушта во неговата приватност повеќе, во неговото окружување дома, неговите крвни врски. И тоа го прави ова дело толку силно. Шегите со Даниел, нежностите со Теона, копнежот по минатото, љубопитноста за иднината.

Авторот расфрла канонада од критики на едно изгубено општество, кои критики се добропознати за нас Македонците. Посебно чувство дава кога ќе се прочита делото после избори. Па, така се согледуваат некои вистини, манипулации, лаги, силувања, убиства кои ги трпиме катадневно.

Делот каде Виктор споменува дека зајдисонцето отсекогаш му било ладно, содејствува со чувствата кои во него се борат и држат на судбинскиот конец. Таа тага, самотија, чувство на растргнатост. Бурата во неделниот ден е одраз на бурата во него. Ако Виена беше готска темнина, Скопје во вториов дел е студена ренесанса во животот на Виктор.

И сега едвај чекам да видам каде ќе нè однесе понатаму.

Навистина уживав. Моја топла препорака.
Profile Image for Jᴀɴᴀ.
297 reviews24 followers
December 27, 2025
Од ликовите, до приказната, па и до самиот начин на пишување на авторот — книгава ми беше чисто разочарување. Се помачив да останам фокусирана на случките со оглед на тоа што не можев да преминам преку купот непотребни описи на банални детали, а и развојот на главните ликови од првата книга до оваа е скоро непостоечки, баш напротив, како да назадуваат со емоционалната зрелост. Воедно и самата приказна скоро ич не ме заинтригира, така да одвај се принудувам да оставам 2 ѕвезди. Sorry not sorry.
5 reviews
February 3, 2024
Even more interesting than the first novel in the series. The characters are deepened, the social commentary is spot on, and I liked the neo-noir feel of the plot. Kudos to the repetitive literary technique towards the end of the novel. Keep up the good work.
5 reviews
May 30, 2023
Daleku podobra od prviot del. se gleda napredok vo stilot I vo prikaznata. Me osvoi so presvrtot na krajot.
Displaying 1 - 30 of 35 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.