Од моја гледна точка, како долгогодишен вљубеник и читател на научна фантастика, како и на човек кој си поставил мисија да ги прочита сите издадени НФ дела од македонски автори, оваа книга имаше чисто симболично значење. Уживав додека ги читав авантурите на Катерина, Билјана, Зена и Зориус, за нивните авантури во подводниот град некаде во длабочините на Јадранското море, за Каратонците и моќните и напредни Веранци... Доколку го прочитав во годината кога е издадено, сигурно доживувањето ќе ми беше неколкупати поголемо. Македонска НФ од крајот на првата генерација (детска и несериозна НФ),но за нас бесценета.