Виктор е млад и перспективен маж, образован на престижниот универзитет МИТ во САД, вљубеник во планините и алпинизмот. Има намера да го освои Монт Еверест, но пред неговата желба се испречува еден чуден проблем. Силни главоболки и вртоглавици од необјаснива природа. Лекарските наоди исклучуваат било какво присуство на болест, а сепак Виктор е спречен да функционира нормално. По многубројни прегледи, лекарите откриваат чудно телово најнедостапниот дел во неговата глава. Туѓо тело од неуништлив материјал. И во тој момент нештата се комплицираат.
Сите имаме желби, коишто ќе посакавме да ги остваривме во животот. Но, што кога на патот на тие желби ни застана пречка. Тоа не било каква, туку здравствена пречка. Тогаш, ќе биде потребно побргу да ја поминавме за да продолжиме кон реализација на нашата желба.
Имено, така ќе биде и со животот на Виктор, откако ќе му се зачестат главоболки и вртоглавици. Тогаш ќе побара помош од различни доктори. Но, дали нивна помош ќе му помогна да се излекува? Низ какви испитувања ќе биде подложен самиот тој, за да се откри причината за негови главоболки и вртоглавици?
Лесно читлива, иако очекував малку повеќе како што се ближев до самиот крај. Ми фалеа детални описи кои некако како да беа скратени или воопшто неприсутни.