Во романот „Облеката на душата” авторот се определил за јунаци кои потекнуваат од народните низини и низ нивните судбини се прекршуваат сите животни процеси во Прелог. Семејството на Дабижив претставува најуверлива слика на трпеливоста, на гордоста, на увереноста во сопственото национално убедување. Стариот Дабижив, кого авторот го следи од неговата десетгодишна возраст, па се до смртта, секогаш на злото му се спротивставува со мудроста своја и со мудроста на народот.