Jump to ratings and reviews
Rate this book

Погледот на Делфика

Rate this book
За прославата „Еден милениум од Римската држава“, сите патишта водеа кон Рим. Реки од луѓе доаѓаа во престолнината за да ја одбележат и прослават силата на Римското царство.

И двајцата беа родени од љубов, во времето кога владееше омразата и неправдата меѓу луѓето. Додека на запад од империјата, Евтропие и Јустина конечно ја допреа среќата со раѓањето на нивниот долгоочекуван син – на истокот, во заборавените предели на империјата, се роди зракот на светлина во ќерката на Арам и Иоана.

Во Битинија, при големото невреме и страшниот бродолом во Астачкиот залив, единствениот преживеан од потонатата галија, рибарите повреден го однесоа во куќата на меанџијата од Дрепана. Во домот на Ерменецот и неговите спомени, повторно се роди вистинската љубов и надежта за двете осамени души, предодредени истата да му ја подарат на светот… И покрај сите искушенија, Констанциј не ја загуби силата на љубовта и желбата да го заштити своето семејство од нив… До последниот ден од животот, тие знаеја дека сите нивните страдања не се залудни и тешки, наспроти правдата и вистината која со раѓањето на Константин им ја донесоа на луѓето… Во неговата возраст, со стекнатата сила, слава и мудрост, на христијаните им ја врати слободата на верувањето, а со својата мајка и нејзината љубов кон Господа, конечно им ја откри и потврди вистината за Исусовото постоење и страдање над крстот, како и доследноста на вистинското верување во него.

277 pages, Paperback

Published January 1, 2020

2 people are currently reading
15 people want to read

About the author

Мирон Динков

2 books1 follower

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
11 (40%)
4 stars
9 (33%)
3 stars
4 (14%)
2 stars
1 (3%)
1 star
2 (7%)
Displaying 1 - 3 of 3 reviews
1 review1 follower
June 13, 2020
Можеш ли да докажеш ЉУБОВ. Да ја преобличиш, да и дадеш форма и лик, да ја допреш за да ја направиш видлива, за да докажеш дека постои, дека е вистина.... Та нели љубов само со љубов се докажува.
Ова е роман за љубов. Приказна кој наративот го зема од историски ликови и настани преку кои авторот со суптилна леснотија и посебна драмска умешност го менува обликот на љубовта, од љубов кон саканиот преку приказната за Констанциј и Елена, љубов кон својата рожба како Кралицата Елена го сака својот син Константин, љубов за моќ и превласт , скриена под плаштот со извезен крст, под кој римските Папи ја кријат слабоста на духот, љубов за уметноста и бесмртноста на Микеланџело насликана во сводот на Сикстинската капела ...за да тивко стигне до љубовта кон грутката земја од која сме изртиле и да заврши во ултимативна љубов, љубов над сите облици на љубов...

Ви треба ли доказ? За љубов?
2 reviews1 follower
June 11, 2020
Прекрасно четиво и задолжителна литература за љубителите на добра книга која лесно ве води низ времето и историјата доближувајки ја приказната за Св.Константин и Елена исполнета со вера,љубов и надеж.....Книга која ќе ве натера да се замислите и да побарате одговор на многу поттикнати прашања.
Profile Image for Ana.
64 reviews2 followers
September 15, 2021
Преубава книга ❤ Предобро напишана книга за историјата, верата и надежта. Одлично патување низ времето, а покрај сето тоа научив и многу работи. Препорака на сите љубители на историјата.
Оцена: 5/5⭐
Displaying 1 - 3 of 3 reviews

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.