„Песните на Емилија Златкова во Нов ден, нова песна се исто така песни-славителки и песни-благодарнички. Но, тие не слават и не заблагодаруваат со патетичен тон и распојасени химниски зборови, туку со еден спокоен јазик, кој ни во еден миг не е лишен од екстатично настроение, но таа екстаза е тивка, со благ христијански пламен со кој се осветлува срцето однатре. Зборовите на Емилија Златкова се како леб и сол, природно мотивирани, едноставни и докрај искрени. “ Евтим Клетников
Емилија Златкова Анастасова е родена 1982 година во Кочани. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално живее и твори, во Велес. Автор е на книгите: „Волшебното Синџирче“ (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ (поезија), „Поглед Кон Невидливото“ (збирка драми) и „Близнаци“, "Детето во снегот", "Неверство" , „Каде е зЕмили?“, „Новогодишна ноќ“, „Невообичаен Велигден“.