Романот „Волшебното синџирче“ е прв роман на авторката, која го објавила на 17 години. Научна фантастика. Ова е роман за деца и млади и сите што ја сакаат научната фантастика. Девојчето Ана добива подарок од нејзиниот дедо Петре, навидум сосема обично синџирче, но всушност тоа има невообичаена волшебна моќ. Така започнуваат возбудливите авантури на Ана во кои запознава многу нови пријатели.
Емилија Златкова Анастасова е родена 1982 година во Кочани. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално живее и твори, во Велес. Автор е на книгите: „Волшебното Синџирче“ (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ (поезија), „Поглед Кон Невидливото“ (збирка драми) и „Близнаци“, "Детето во снегот", "Неверство" , „Каде е зЕмили?“, „Новогодишна ноќ“, „Невообичаен Велигден“.