Откако ќе ѝ се остварат сите соништа во животот, младата и славна писателка од Њујорк Лола Карпентер доживува тежок емоционален пад по смртта на своите родители и на сопругот Ед. Тогаш сфаќа дека сите желби кои ги остварила биле само проекции и очекувања на нејзините родители од неа. За одново да се пронајде себе и да го воспостави контактот со својата автентична природа, решава да замине на подолг престој на еден од грчките острови во јонското море, со цел да почувствува вистински мир. Притоа, не сака никој да ја препознае. Но само што ќе пристигне на островот, нејзиниот план тргнува во сосема неочекувана насока откако на една од вечерните забави во хотелот кадешто престојува ќе го запознае шармантниот сурфер Џек кој важи за страствен додворувач и навидум живее лесен и едноставен живот на плажата без никакви грижи. Не можејќи да одолеат еден на друг, Лола и Џек се впуштаат во авантура за која ниту на крај на умот немаат претстава каде ќе ги одведе. Нивната луда страст наскоро ќе почне да преминува во љубов за која ниту двајцата не се вистински подготвени. Тој ќе го разбуди во неа сето она што никој претходно не успеал да го разбуди, а таа ќе му го сруши концептот за тоа што е вистинска љубов. Меѓутоа Џек носи товар од минатото и крие длабока, мрачна тајна која не сака Лола да ја дознае, а таа има недовршена работа со својата стара љубов. Откривањето на тие тајни ќе ја чини цената на нивната љубов и ќе ги стави пред предизвик за чие надминување е потребно вистинско жртвување. Но кој ќе ја направи жртвата? Од тој миг нивните животи ќе се претворат во вртоглави метежи се до нивната следна, неочекувана средба. Возбудлива приказна, чии страници нема да ве остават на мир!
Дора Попова Узуновски е психолог, гешталт терапевт и м-р на психолошки науки од областа на клиничката и советодавната психологија. Основач е на Центарот за применета психологија “Дора“, кадешто активно работи веќе седум години. Има богато искуство во работа со психотерапија со возрасна популација во делот на личен раст и развој, анксиозност и панични напади, депресија и траума, адолесценти, како и со родители и деца со типичен и уреден развој. Во рамки на Интернационалниот гешталт институт на Македонија е соработник и тренер. Редовно посетува различни доедукации, семинари и работилници во земјата и странство со цел усовршување на професијата и личната професионалност.
"Кога луѓето не знаат како да живеат, несвесно одбираат да се стават себеси под закрилата на оние што се најблиску до нив, не за друго, туку за да имаат објект за обвинување. Оти инаку, би се соочиле со малодушноста на своето его и со својата егзистенцијална неспособност. На човек секогаш му е полесно кога има друг да обвини."
"Соочувањето со обичноста е најтешкиот дел од животот на секој човек кога почнува да расте, бидејќи колку и да си посебен и единствен, твоите потреби, чувства, мисли се универзални. Не си ништо ново на овој свет, ниту пак старо. Само си гостин."
"Магијата е веќе започната. Магичното стапче е во твои раце и што ќе правиш со него е твој избор. Дали ќе ја одржиш магијата или ќе ја уништиш, зависи од тебе."
Оваа не е од оние книги што ќе ја прочитате набрзина или ради реда, оваа е од оние книги кои ќе ја читате со внимание и ќе се заљубите во секоја нејзина реченица , страница, поглавје и ќе допре длабоко до вашето срце и душа и ќе ве остави да се запрашате : " Дали го живеете животот вистински како што треба? " " Дали сте се соочиле со самите себе или некаде се криете позади маската на вашето его? И да тоа е книга која мора да ја прочитате барем еднаш во животот, а по потреба и повеќе..
Книгата е вистинско уживање ризница од мудрости, вистинско богатство за тој што ја поседува..Прекрасно изградени ликови, длабока психолошка анализа на ликовите што и дава посебна убавина и моќ на книгата, а по тоа се посебни и специфични книгите на нашата Дора и исто толку прекрасни.. Се гледа дека психологијата заматила води овде и тоа на големо, а тоа уште повеќе ме фасцинира.. Дора не само што е предобар психолог, туку и предобар автор, невозможно е да не ги сакате нејзините книги. Дефинитвно книга која секој треба да ја прочита, бидејќи има што да се научи од неа.. Нешто предобро што сум го прочитала во последно време и ќе остане вечно врежана во мојата меморија.. А само колку бесценети извадоци имам од книгата што може да ни користат,не можам да ви опишам..Книгава е СОВРШЕНСТВО....❤️❤️❤️❤️ Браво Дора капа долу 👏👏👏👏Со нетрпение очекувам некоја твоја наредна книга , оти ми го освои срцето засекогаш.. 🫶
Дали славата , моќта и богатството не прават вистински среќни? Фсли ја прават вистински среќна нашата главна хероина Лола? Кога таа ќе ја доживее најголемата слава како најбарана и најпозната писателка во Њујорк , ќр и де случи вистински крах во животот. Ќе ги изгуби родителите и својот сопруг Ед. Во тој момент сфаќа дека се пто постигнала до сега било всушност проекција и очекувања од нејзините родители , а не тоа што таа вистински го сака. Кога ќе се изгуби себеси таа заминува на еден од грчките острови на Јонското море за повторно да се пронајде себеси и да најде малку мир.
Животот никогаш не тече според нашиот план, па така и животот на Лола.. Кога мисли дека ќе најде мир таа го запознава шармантниот и згоден сурфер Џек кој важи за страстен додворувач и кој навидум живее многу безгрижен и лесен живот.. Но дали се е баш така како што изгледа или тоа е само маска кој Џек добро ја има ставено на своето лице мислејќи дека никогаш нема да падне ? Набрзо двајцата се впуштаат во страсна авантура која ќе премине во љубов. Љубов за кои и двајцата не се подготвени.Џек буди во Лола нешто што никој до сега не успеал да го разбуди, а Лола му то крши безгрижниот и лажен свет и лажното уверување за љубовта..Џек крие огромна таја која не сака Лола да ја открие, а Лола има нерасчистени сметки со старата љубов. Кога тајните ќе излезат на виделина ќе се разниша нивното тло и ќе ја стави пред вистински предизвик нивната љубов..За да се издржи треба жртва , а кој ќе се жртвува ве оставам да си прочитате..Од тој миг животот ќе им се претвори во лавиринт без излез, се до нивната наредна средба..
Зошто живото ни ги задава најтешките удари баш кога се ни е потаман..За да се соочиме со нашите најголеми стравови, за да конечно го пораснеме детето во себе и да се соочиме со самите себе и да сфатиме дека во животот ни е се џабе ако не се чувствуваме сакани и исполнети..Ни најголемото богатство на светот не може да ја купи љубовта и душевниот мир..Книга која ќе ви докаже дека борбата со самиот себе е најголема и најтешка, но не и невозможна..
Бог ни го покажува вистинскиот пат и ни дава можност да пораснеме и да се издигнеме, а тоа треба да го препознаеме. За да добиеме мора да се жртвуваме.. А Бог ни задава удари таму кај што најмногу не боли, како велат таму как што е најтенко и се кине и не за џабе туку за дане освести , за д сне врати на вистинскиот пат.. За да му се препуштиме нему, за да му се препуштиме на животот и да не се обидуваме да го контролираме..Книга во која ќе ја почувствувате секоја болка , секоја тага на главните ликови и ќе сочувствувате со нив.. Ќе ве натера да се запрашате дали траумите од детството и тоа што родителите ни го наметнуваат намерно или не намерно не дефинираат како карактери.. Колку нивните критики, нивното наметнување вина влијае врз нас во понатамошниот живот.. Дали е воопшто возможно да се излезе од тој магичен круг..Големината е во себеприфаќањето, себепростувањето , во сакањето на детето во нас, кога ќе си простиме , кога вистински ќе го засакаме детето во нас со сите мани и доблести , тогаш ќе дозволиме љубовта да навлезе во нашето срце, а кога ќе навлезе ќе бидеме спремни да сакаме , да не се плашиме да бидеме сакани и да простуваме без да се вртиме назад.. Единствено нешто што може човека да го спаси од пропаст е љубовта.
"Каква е таа ништожна потреба на човечките умови од тоа да биде се во нивна контрола со замислени банални очекувања, норми, правила... Кога тие само го нарушуваат текот на реката наречена живот."
"Тагата е подлабокиот слој од емоциите. Таа е мостот мегу лутината и љубовта. Тагата е убава емоција. Луѓето, за жал, не ја разбираат и ја доживуваат како негативна, бидејќи ја идентификуваат со депресијата."
П.С. Книгата ми беше како да гледав филм, а колку се смеев за психијатарот Сајмон лелее хаххаа кога ќе ми текне , а ќе видите и зошто..(Дора како ти текна вака да му го подметнеш Сајмон и ваква сторија да му смислиш? 😂) А како Дора им го дотера умот на нашите главни ликови кои талкаа не знаеа што со самите себе , така ги распамети што на крај памет нема да ви текне се што ги снајде и тек ќе ги снајде јас бев шокирана од акцијава таму.. Исто ко на филм.. Како ли ти текна ? Ај толку не кажувам повеќе 😜
Оваа книга е маестрално дело!!! Не е книга што се чита во еден здив. Стилот на пишување е везење. Стилот на пишување си има своја ,,тежина,,. Секоја реченица води кон размислување, себеспознавање. Многу добро психолошки изградени карактерни особини на ликовите. Прекрасна книга