Приказна што веднаш вовлекува. Изнијансирани и вешто монтирани слики, едновремено импресивни и медитативни. Прецизно оцртани мистериозни и непредвидливи ликови. Реалистичен но вознемирувачки амбиент. Внимателно избрани екстериери и ентериери - туѓиот стан, на пример, како своевиден „недвижен лик“, во кој главниот лик скришно влегува како во лулка и гробница, која мами на радикални одлуки. Романот „Некој бил тука“ е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок: го лови моментот кога болката станува лудило и смрт.
Николина Андова Шопова (1978) за првата поетска книга „Влезот е од другата страна“ ја доби наградата „Мостови на Струга“. Книгата е издадена и на англиски јазик. Во 2014 година ја објавува втората поетска збирка „Поврзи ги точките“, која е објавена и на српски јазик. Нејзини песни се преведени на десетина светски јазици. Освен поезија, пишува и раскази, песни и сликовници за деца. „Некој бил тука“ е нејзин прв роман.
Убаво кратко романче од едно перо кое, чиниш, векови пишувало, а всушност тек сега ја начнува хартијата создавајќи творба во ваква форма. Делува зрело, иако е првенче на Андова Шопова чие име дефинитивно го допишуваме на листата одлични млади македонски романсиери. Ова е новела која создава немир во душата на читателот, и тоа најмногу тогаш кога ликот, во едно станче го наоѓа својот мир. Новела полна со емотивен набој, и нималку плитка и еднослојна. Ова е едно од оние дела кои и покрај сета тегобност која ја носат, не би сакал никогаш да завршат. Или барем не тогаш, не така... И не тука! Како што он не успеваше да се прости од местото кое му влеваше мир, така и мене ми е тешко да се простам од ова мало парче книжевност.
Одлична книга која зборува за соочување со загуба. Тоа што ќе ги освои читателите посебно се сцените од минатото, време кое не враќа во детството, кога цртаните завршуваа во 19:30, со комшии како што сите сме имале, пријателство, љубов... Иако темата која се обработува е тешка, книгата лесно се чита. Тоа се должи на наративниот стил на Шопова која постепено не воведува во психолошката состојба на главниот лик, на неговото минато и сегашниот живот. Тогаш зошто четири ѕвезди... Па најпрво, колку и да ми беше интересно да ги читам сцените од минатото, не видов никаква конкретна причина зошто главниот лик се навраќа кон нив или што е тоа што го натерало да се потсети. Главната врска е пријателот и средбата со него во сегашноста, која средба на место да реши одредени загатки отвори нови прашања кои до крајот на книгата не беа одговорени. (Следното е лично мислење и не влијае на мојата оценка) Тоа што ми недостигаше во романот беа дијалози. Во моментите кога имаше интеракција со други личности тие беа прераскажани од нараторот и само по некоја реплика беше спомната. Дијалозите и односите помеѓу луѓето, гестови, невербална комуникација, мислите на нараторот за време на интеракцијата, доколку ги имаше ќе го подобреа моето искуство од читање на оваа книга.
п.с. можеби врз целото мое искуство влијаеше тоа што промоторот на книгата во Охрид ни го раскажа целиот роман, ама баш целиот.
4.5 Само поради малата конфузност меѓу временските преоди од минатото во сегашноста би ѝ скратил половина ѕвездичка. Останатото е одлично срочено. Книга која во самиот момент влегува под кожа. Стравот од неприфаќање на личната трагедија, како и мазохизмот да се биде заробен во болното минато, сликовито опишан без ронка претенционизам. Топла препорака.
Взех я от Скопие заради стикера "Роман на годината за 2018", без да чета анотация. Беше малко книжле с хубава корица. Започнах да я чета без предварителни очаквания и знание за какво ще се разказва. И така ме грабна още в началото, че на десетата страница вече напълно бях забравил, че чета на македонски, а не на български, и непознатите думички тук-таме вместо да ме препъват, ми служеха за трмплин, който да ме изстрелва още по-навътре в историята. А това е една история за загубата и за начините, възможностите и невъзможностите тя да се преодолее и преживее. Интелигентно и поетично написана книга, която оставя въпроси в душата ти и тегаво усещане в съзнанието, точно колкото да натисне везната надолу и да накара отсрещната светла страна да се изкачи няколко сантиметра нагоре.