Современоста е централна тема и на романот „Кратката пролет на Моно Самоников“, и ако во него се јавуваат и врски со воените години, предадени во форма на реминисценција. Во ова дело се зборува за младиот човек Моно Самоников, кој е „сега и овде“ и кој „работи, студира и се влечка“. Моно е невообичаено сензибилна личност, осетлив на најситните промени околу себе. Истовремено, тој е личност со супремација на мислата и порив кон осмислување на секое животно движење и постапка. Најпосле, тој е урбано невротичен, по малку и противречен и хетероген и анархистички настроен кон конвенционалниот ред на нештата.