Има ли нешто пострашно од помислата дека никогаш повеќе нема да го видиш својот син?
Каролина 24-годишна невработена жена се наоѓа во јазол помеѓу својот неодамнешен развод, битката да биде што подобра мајка за својот 5 годишен син Адам и зависноста од коцката. Се обидува да води нормален живот како самохрана мајка се додека не почнува да добива анонимни фотографии во своето поштенско сандаче и се додека еден коцкарски долг не ја принуди на драстичен чекор - да го исценира киднапирањето на сопствениот син, за да го заштити и да дојде до парите за да го исплати долгот.
Но што се случува кога совршениот план ќе се претвори во совршен кошмар?
Работите излегуваат од контрола кога Адам навистина исчезнува, а таа и нејзинио поранешен сопруг Виктор ќе мораат да ги здружат силите за да го пронајдат својот син, не помислувајќи дека тоа ќе ги заплетка во мрежата на нечија одмазда. Оваа книга исполнета со многу пресврти апсолутно никого нема да остави рамнодушен и ќе ви докаже дека секој има свој ас во ракавот, некој во партијата покер, а некој кога е потрено да ја истера правдата до самиот крај.
"Животот навистина знае да испише романи, како од нигде никаде, како пукање на меур од сапуница, денес те има, утре веќе те нема."
Што се случува кога човек ќе биде крајно заслепен од зависноста? Колку далеку би одел за да си ги задоволи лошите навики?
Каролина уште од мала стана зависен играч на покер. И покрај сите убедувања и напори на сите околу неа да ја 'излечат' од таа невидлива, но опасна болест, таа не се откажува и длабоко во неа се' уште тлее тој жар. Меѓутоа дали тоа ќе се промени кога таа ќе стане мајка? Дали мајчинскиот инстикт конечно ќе ја спаси од таа опасна игра? Одговорот, за жал, е: не. Сите си мислат дека не мисли повеќе на покерот, но таа скришно од сестра и' и бившиот сопруг оди да игра заедно со нејзината најдобра пријателка.
Кога огромниот коцкарски долг ќе надвисне над нејзините раменици, а работата како графички дизајнер ни проближно не и' носи толку пари, таа ќе биде принудена да глуми дека нејзиниот син е киднапиран. Меѓутоа кога тој навистина ќе исчезне, таа нема друг избор освен да признае се'. Дали признанието ќе биде доцна? Или пак ќе успее да го спаси нејзиниот син а воедно и самата себе од канџите на ѕверот?
Ова ми е прва книга од Александар и јас сум воодушевена! Преубав стил на пишување, те зграпчува од самиот почеток и те води низ многубројните пресврти. Многу ми се допадна како детално е смислена приказната. Ни прикажува како човек може лесно да биде повлечен во мрачните води, но со вистинските луѓе покрај него лесно може да се извлече. Го држи вниманието на читателот цело време, јас не бев свесна дека веќе пола книга ја прочитав а се чувствував како да ја започнав пред 5 минути. Предобра книга со силна порака. Моја топла препорака.
Прочитано, не за еден ден, туку за една ноќ . Луѓе мои сеуште не можам око да склопам од возбудите кои ги носи првиот роман на нашиот Александар. Сега сфаќам зошто токму оваа книга е наградена од УНЕСКО како најдобра. Толку многу пресврти. Нешто предвидливо, но токму кога мислите дека се е готово, следат нови "ладни бранови" како од Северо-леден океан. 🤭
ЧЕСТИТКИ АЦЕ! Сметам дека оваа книга е многу реална македонска приказна чија екранизација би била врвно дело. Прашањето е дали некој режисер ќе го направи тоа?
Умешноста на еден автор се препознава во едноставноста на неговите зборови, кои сепак многу раскажуваат. Александар има талент, но има и публика што го обожава, лесно ќе ве увери дека е достоен за целата фама. Скокотлива тема и четиво што ќе го стопите како десерт. Сѐ започна со ова негово првенче, има и зошто.
,,Џоќер во покер" со целиот мистериозен тек ми го задржи вниманието да ја прочитам во еден здив удобно сместен под сенка покрај Охридско Езеро. 🏖
Ја препорачувам за секоја возраст - јас уживав, а убеден сум дека сите што ќе одлучите да ја прочитате нема да останете рамнодушни затоа што ќе ве поттикне да размислувате за вашето семејство, пријателите и за сите физички и психички пропаѓања кои ги носат пороците за на крај најчесто зависниците да завршат со трагични последици од кои нема враќање!
Би ја препорачал и за оние кои што се на чекор да станат зависници од коцкање, се надевам дека оваа книга може да им помогне да разберат дека тивко може да ја уништат цела фамилија покрај тоа што ќе ја изгубат грижата на совест за изгубеното време и пари.📚
Од Александар Николовски имам дома уште три книги, очекувам дека со истото темпо ќе ги прочитам! ✊♠️♥️♣️♦️
И повторно интересно изненадување што ќе ве натера да ја прочитате без одмор. Едноставно ве привлекува да ја следите приказната и да видите што овој пат смислил авторот.
Едноставно не сум за ваква тематика, а и стилот не ми се бендиса, вообичаено за вакви книги. Плус кога ќе се додаде дека страшно ме нервира на пример употребата на зборот „го зема“ наместо „го зеде“, разбирлива е мојата оценка. И содржински ми беше некако ладникаво. Предвидливо околу тоа за што имаше податоци (една слика на средината на книгата) и сомнежот што секогаш го имам при читање на вакви книги. Ни сама не знам зошто воопшто посегнувам по нив.
Сите книги од авторот ми се допаднаа, баш беа по мој вкус, без многу описи, со многу пресврти и интриги, но оваа некако најмногу ми влезе под кожа. Сочувствував со Каролина колку и некому тоа да му е тешко да го прифати, сепак одличен лик. За мене најдобро изграден, заедно со оној на Лилијана во „Жива ќе те запалам". Му пожелувам на Аце уште поголеми успеси во иднина, и чекам поскоро нов роман.
Интересна приказна која е неизвесна до самиот крај, баш кога мислеш дека се е кажано се дознаваат нови детали кои ја надополнуваат приказната. ,, Нема рок кој не истекува, ниту долг што не се наплатува “ се зависи од тоа како си го користиш ЏОКЕРОТ, како ќе си посееш така и ќе си ожнееш.
" Во животот секој би требало да има барем по еден свој ЏОКЕР ВО ПОКЕР!...Кој е твојот? "
Прва прочитана од нашиот Александар и можам да кажам дека сум пријатно изненадена...Ми се допадна книгата и пораката која ја носи..се чита во еден здив. Приказна која ни докажува дека пороците и лошите избори во животот можат да ни го уништат животот нам и на нашите најблиски,а некого можат да го чинат и живот.Киднаперот лесно го открив,но ваков шокантен завршеток не очекував.
Каролина е самохрана мајка на 5 годишниот син Адам,таа пред една година се разведе од сега веќе бившиот маж Виктор.Тој одамна ја замени со својата нова девојка Дијана со која сега живее, но дали и ја заборави? Каролина очигледно него сеуште го немаше заборавено. Таа постојано му се навраќаше на својот порок со кој цел живот се бори - ПОКЕР. Многу често го остава синот сам или со комшивката,а таа заминува со нејзината другарка Вероника во казино.Но не секогаш таму им се насмевнува среќата.Единствена светла точка во животот е сестра и Даниела.Таа е лудо вљубена во своето ново неодоливо момче.Кога Каролина запаѓа во долгови го сокриваат син и кај другарка и Вероника, сите останати ги лажат дека е киднапиран секако за да извлечат кауција..Но наеднаш се се превртува наопаку кога Адам навистина исчезнува без трага.Сите се осомничени за киднапирање,освен Каролина.Кој го киднапира Адам, кој е мотивот на киднаперот и каков шокантен крај ве очекува ве оставам да откриете сами.
Понекогаш живот треба силно да не тресне од земја,за конечно да се присвестиме и вратиме на правиот пат. Дали конечно Даниела и Вероника ќе успеат да се вратат на правиот пат?
Пороците полека,но сигурно не уништуваат.Од нас зависи кој пат ќе го избереме добриот или лошиот.