– Црна дупка – Лонг плеј – Кула Вавилонска – Чернодрински се враќа дома – Сараево – Сега му е мајката – Баханалии – Казабалкан
Тоа се драми кои го отсликуваат, но и го претскажуваат балканскиот blues, магичниот судбоносен круг, темниот облик на суштествување на човекот, особено на оној роден овде и со вообличена свест под дејство на уникатната коб којашто само тука ја има.
Ударите на судбината, во драмите на Стефановски, се преобликуваат во еден особен хероизам и автентичност, поточно судбината се претвора во специфичен хероизам и автентичност, во чисти ликови, од коишто може да се учи за универзалните феномени на човечкото постоење.
Затоа, драмите на Стефановски не се само школски пример за исполнетост на целисходноста на драмското дејство, туку и вистински приказ на патосот на човечката егзистенција, вистински одраз на човечката трагика.