Книгата претставува збирка раскази со невообичаена форма на комуникација помеѓу авторот и читателот, интегрирајќи неколку постмодерни техники, меѓу кои доминираат метатекстуалноста, хипертекстуалноста, псевдо-авторство и можност за директна писмена комуникација на релација автор-читател во еден од расказите во кои авторот ја изнесува својата лична адреса на живеење.
За оваа седма книга на Марковски, прва збирка раскази во кои на голема врата во неговото творештво влегуваат сатирата и апсурдот, критичарите коментираат:
„Со дискретен хумор внимателно избалансиран со придушена меланхолија, авторот од навидум реални настани од секојдневието, преку оригинална наративна техника незабележливо преминува кон сложено метафорично заокружување на расказот“, пишува Рајна Кошка.
„Концизен и јасен, преку метафора упатува не само кон интроспекција, туку целосно преиспитување на човековите вредности“, вели Румена Бужаровска.
„Извонреден стилист, концизен а двосмислен. Извонредна смисла за кратка прозна форма“, смета Венко Андоновски.
„Животот е бескрајно патување. Стефан Марковски е неуморен патник. Станува збор за писател-грижник за современоста кој отворено забележува, критикува и опоменува. Неговата позитивна енергија не разградува и уништува, туку е постојано замислена и во изборување на посреќна иднина. Самиот човек не значи дека е и осамен. Во него се крие онаа среќа која што потврдува оти само слободниот е среќен човек“, ќе запише Васил Тоциновски.
„Со задоволство ги читав расказите од оваа збирка и можам да кажам дека Стефан Марковски е несекојдневен автор во современата македонска книжевност и пошироко, кој допрва претстои да го пронајде своето вистинско место на современата книжевна сцена. Неговите колеги од другите книжевни средини кои верувам дека ја прочитале збирката пред мене, само можат да го потврдат и прошират горе кажаното“, смета Драги Михајловски.
All-of-a-kind text producer. Occasionally an editor. My dispositon towards simple sentences is a metonym of a polytetrafluoroethylene lube put into syntactic-entropy-producing machine.
IG: @stemarcus.author
Also, my novels "The Bumblebee Anatomy" and "Letters of Heresy" alongside the short story collection "Faustus Runs the Plebeian Circle" and the poetry collection "Promised Land" are available on Amazon.