Животот е составен од избори. Некои носат радост, други водат кон бездна. Кога Борче ќе ја запознае Тања на интернет, верува дека конечно ја нашол сродната душа. Тоа ќе го одведе на работ помеѓу љубовта и предавството, надежта и очајот. Една лага може да ти го одземе животот. Еден „договор“ може да ја промени вечноста.
Вознемирувачка приказна за љубовта, предавството и стигмата околу самоубиството, што го соочува читателот со најтешките прашања за душата и моралот.
Born in 1983, Jordan has set his path for an academic carrier, getting his Ph.D. in Tourism and hospitality management in 2014. He has written more than 30 papers before he got bored and decided to follow his life passion, fiction writing.
His first comic anthology as a scriptwriter, co-authored by Dargo Bogdanov, "Мрак Хумор Тишина" (Darkness Humor Silence) was published in 2014, while his first graphic novel, a co-lab with the same illustrator, "Витези од соседството" (Knights of the neighborhood) was published in 2016.
The short stories collection he pretends not to exist is "Време за живеење" which was published in 2001. The reactions of the readers to his first novel "Тегли" (Jars) published in 2021, proved that he knew what he was doing, so he decided to write even more. And so "Заследи ме" (Follow back) and "Наследство: Прозорецот" (Legacy: The window) followed in 2022 and "Зборови" (Words) in 2023.
He has won two awards for the short comic "Our Eden", illustrated by Darko Bogdanov, won an international competition with "Dragon Slayer Wanted" illustrated by Andrej Manev, and an award for the best emerging author for the book "Прозорецот" (The Window).
His book "Зборови" (Words) was acknowledged as best domestic novel for 2023 by the largest reader's comunity in Macedonia "Размена на книги и книжевни муабети".
He lives in Ohrid, feeding on its mysteries and beauties, while working as a tour guide and an editor for the electronic literary and arts magazine "(e)Lit".
Јануари го започнав и го завршувам со македонски автор. Овојпат изборот падна на "Договорот" на Јордан Коцевски, книга за која бев и beta-reader, па ме интересираше како испадна финално.
Приказната започнува со Борче и неговата онлајн љубов Тања, која испаѓа дека е измамничка и му ги собира сите пари. Во момент на тешка депресија, Борче решава да се самоубие, но тука упаѓа преговарачот Александар кој му нуди еден вид договор. Договор кој не делува како да е од овој свет.
Самоубиството е тешка тема која јас лично никогаш нема да ја разберам. Никогаш не знаеме што се мота во главата на некого, и кога ќе посегне по сопствениот живот, се чудиме зошто. Но сите проблеми во различна глава не се исти. Според мене, самоубиството е најсебичното нешто што може да го направи некој, особено кој има деца. Кога веќе си одговорен за друго суштество, да си го оставиш свесно детето да ти расте без родител, е нешто најсебично. Сепак, тоа е мое мислење.
Да се вратам на книгата. Јордан е препознатлив по својот црн хумор и тиру-риру моменти, и те остава да се прашуваш што е реално, а што фантазија. Од оној свет никој не се вратил да каже како е, па сѐ останува на нашата имагинација. Кратка приказна која може да биде и подолга, филмски стил на пишување, и очекување (пусто надевање) некоја од овие приказни да ја видиме на филмско платно.
Ако по некоја случајност оваа книга ja пишував јас, ќе имаше барем два дела по 400 станици, стотици ликови и временска рамка од неколку векови... Ама на ваше (и мое) бескрајно задоволство, нешто вакво преинтересно, полно со философски теми кои поттикнуваат бескрајни разговори и размислувањс... и тоа на само 100 (со букви: сто) страни, излезе од генијот на Јордан. Убаво скоцкано, како култна епизода од „Зона на самракот“, каде низ дејството нѐ води навидум невина приказна, за на крајот просветлувањето да не соголи ко нуклеарките во „Терминатор 2“ (кој гледал, ќе знае на што мислам! ;-) )
Посебно ме допре поради некои слични нишки кои за жал мораа (или не?) да се испреплетат низ мојот живот. Модерна македонска готика, прекрасно опишани чувства, стравови, одлуки. Единствената замерка ми е што посакав да е подолга, за да читам уште.
Сериозни "The house of Usher" вајбови? ✔️ Препознатливи дијалози од авторот? ✔️ Предизвикувачка премиса? ✔️ Единствена замерка ми е што разврската ми дојде ептен на крај, можеби статусот како новела едноставно мораше да доведе до тоа.
Љубов, сочувство, проникливост - трите патишта кон вистинскиот, моралниот живот! Во свет полн со суровост, судови, рамнодушност и површност Јордан на фасцинантен начин ни укажува на тоа дека овие три квалитети се вистинската победа на духот и моралноста. Љубовта е состојба на свест, начин на кој го гледаме другиот. Од неа се раѓа сочувство, а тоа е способноста да ја почуствуваме туѓата болка и да ја разбереме. Некаде помеѓу љубовта и сочуството се наоѓа проникливоста. Таа е мостот помеѓу нив двете, духовната страна која ни дозволува да ги видиме причините за постапките, постапките за одлуката и не тера да разбереме пред да судиме. Од друга страна пак, во секој човек гори огнот на пеколот и блеска зракот од рајот. Балансот помеѓу нив се вика живот. Ама некогаш рамнотежата се нарушува, па сам себе си потпишуваш "договор" и тогаш се селиш во Домот на изгубените души. Тоа не е ниту пекол, ниту рај, туку сеќавање за битието, за битието кое заглавило во вечната потрага по смислата. Во овој дом живеат оние премногу чуствителните и судирот помеѓу љубовта и вината, верата и сомнежот, надежта и тагата. И не можат да избегат, ниту да одат напред, ниту да се вратат назад оти патот им станал совршен круг. И така во книгата двата лика го носат товарот на целото дејство. Едниот го носи товарот на нашето секојдневие, другиот на постапките. И во двата лика не има сите нас кои имаме совест, морал и љубов. Фасцинантно дело!
Дефинитивно не сум фан на новели, некако ми се прекратки за убаво да се развие дејството и да ги запознаеме ликовите. Секогаш мислам дека можеле да бидат развиени во роман.
Книгата ни ја раскажува болната, но вистинита страна на современиот свет - свет каде што љубовта, довербата и човечноста се заменети со виртуелни маски и празни ветувања. Преку приказната на Борче, писателот создава еден реален, искрен и емоционален портрет на човек кој копнее по внимание и љубов, но наместо тоа, добива предавство и очај.
Она што веднаш се издвојува е стилот на писателот - топол и длабоко емпатичен. Авторот мајсторски ги доловува чувствата на изгубеност, болка и наивност на обичниот човек. Секое поглавје звучи како исповед; зборовите не се само раскажани, туку проживеани. Писателот не само што раскажува приказна, туку и те тера да ја почувствуваш, да се запрашаш колку и сам си бил измамен, не мора финансиски - туку емоционално.
Темата на интернет-измамата е обработена со редок реализам. Авторот не ја претставува само како криминал, туку како психолошка рана — како нешто што може да го уништи човекот однатре, без ниту еден вистински удар. Читателот лесно се поврзува со Борче, бидејќи во неговата наивност има нешто длабоко човечко, нешто што секој од нас го носи.
Посебно впечатлив е делот кога во приказната се појавува човекот со куферот - симбол на втората шанса, на борбата меѓу животот и смртта, меѓу болката и надежта. Писателот маестрално го користи овој симболизам, покажувајќи дека дури и кога човекот ја изгубил верата во себе и во Бог, животот сепак може да му подаде рака.
Ова дело е повеќе од обична приказна за измама - тоа е огледало на нашето време, на осаменоста во дигиталната ера, на кревкоста на човековата душа. Писателот покажува огромна чувствителност, зрелост и способност да го претвори секојдневието во литература што боли, но и лечи.
"Знаеш дека во моментот на лутина и гнев луѓето можат да посакаат нешто лошо да се случи на тие кои ја предизвикале таквата емоција. "
"Затоа што луѓето не се виновни за нивното незнаење или изгубената верба. Ниту пак затоа што некогаш се донесени до границата да си го одземат сопствениот живот. Виновни се тие што ги оставиле сами, без надеж, без знаци, без.."
Што ако се препуштите на очајот, не безизлезноста и на безсмисленоста на животот и влезете во тој магичен круг на очајот, гневот и самообинувањето, не сакањето на самиот себеси од кои никако не можете да излезете.. ?? Што ако единствениот излез ви е да се самоубите и да завршите со маките? А што ако еден единствен договор ги промени нештата дали би го прифатиле.? Книга која ве тера да размислувате дали ги обвинувате луѓето што извршуваат самоубиства или сочувствувате со нив? Книга која ќе ве натера да се преиспитате себеси и вашата верба во Бога..
Навидум мало книжуле, но толку моќно што не тера да размислуваме и да ги прошириме нашите видици кон нештата, да се потрудиме да разбереме , да прифатиме без да обвинуваме и да сфатиме дека и среќата и тагата се составен дел од животот..Книгата два пати ја препрочитав и можам слободно да кажам дека ме фасцинираше.. Посебно ме фасцинираше изградбата на ликовите кои нашиот автор така добро карактерно ги изградил и оживеал им дал душа преку кои можете диретно да ја почувствувате нивната немоќ, каење, обвинување, осаменоста, тагата, болката, борбата со самите себе..Тоа им дава посебен белег на книгите на Jordan Kocevski и слободно можам да кажам дека тоа што го прави го прави маестрално..👏👏👏
Сите избори си ги правиме само во животот, па така и нашиот главен лик Борче.. Тој одлучува да и верува на Тања кој ја запознава на интернет и навидум му изгледа дека е неговата сродна душа.. Тања ќе го одведе до работ на пропаста ќе го одведе некаде помеѓу љубовта и предавството, надежта и очајот и ќе го натера да ги почувствува сите одеднаш.. Борче нема многу пријатели, а и себеси не се смета за некоја привлечна и интересна личност, осамен е и тажен, со ниска самодоверба и е уверен дека не го бидува за ништо.. Кога надежта ќе затропа на неговата врата ќе го натера да верува во себе, но како велат понекогаш животот ќе не тресне од земја кога најмалку очекуваме и ќе ги отвори старите рани оние кои најмногу не болат и безмилосно ќе ги проширува се додека не не донесе на самото дно, каде животот е се само убаво место не.. Од друга страна се појавува уште еден лик Александар тој е човек кои им помага на луѓето што сакале да си го одземат животот или ги спречува да не го направат тоа, впрочем им нуди договор од кои нема враќање.. Александар можеме да го анализираме и како апстрактен лик, тој може да биде и нашата совест кој постојано чука на нашата врата и ни го разнишува нашиот спокој..
Понекогаш сакаме луѓето кои не повредиле да бидат исто повредени како и ние, но дали всушност навистина го сакаме тоа? Дали несреќата на другите ќе ни донесе среќа и мир во душата или тоа е избрзана и нормална рекација на нашиот ум во состојба на предавство, очај и бес.. Тоа е еден тест кој ни го нуди животот ( во случајот Александар) за да не тестира дали покрај сите лоши работи кои ни се случуваат или некој ни ги направил ќе останеме доследни на верата и добрината во нас или ќе се предадеме во рацете на ѓаволот и ќе станеме себични како и тие луѓе кои не повредиле.. Борче сака Тања да биде повредена , но после извесно време сепак сочувствува со нејзината болка.. Окупирајќи се со разноразни небитни нешта ние најмалку се грижиме за нашата душа, забораваме на нашата душа, забораваме да го слушнеме гласот во неа и забораваме да се преиспитаме и туркаме до бескрај се додека не се најдеме на дното..
Осаменоста пресликана преку денешниот начин на живот, очајот, споредувањето со другите луѓе, оттуѓеноста помеѓу луѓето се тие кои носат болка во нашите души.. Но треба да сфатиме дека никој не е совршен и дека лошите работи кои ни се случуваат се нормална појава во животот, како што се и добрите..Се е тоа составен дел од животот.Доколку се фокусираме само на лошите работи тогаш никогаш нема да ја сфатиме суштината на постоењето , на животот.. А токму незадоволството е тоа што не води кон пропаст,затоа што забораваме да ја излечиме нашата душа , забораваме да го примиме Бог во нашето срце , бидејќи и во најмрачните делови од нашиот ум сепак постои трошка светлина и надеж за поубаво утро..Ние сме тие кои одбираме како да живееме , ние одбираме дали ќе лутаме, очајуваме, тагуваме , ќе се самосожалуваме и ќе се изгубиме себеси до крајот на животот или ќе одбереме да го прифатиме животот со сите негови добри и лоши страни и да научиме да живееме со радост , љубов и среќа во нашата душа..
Борбата со себе е најголема затоа научете да се сакате себеси и прегрнете го детето во себе , бидејќи на крајот од денот ние сме креаторите на нашите мисли и капетанот на нашиот брод.. И не заборавајте во ниедна битка не сте сами, Бог е со вас.. ❤️❤️❤️🙏🙏🙏
Книга која секој треба да ја прочита барем еднаш во животот..Мене ме остави без зборови..😊
Колку е спремен секој од нас да напрај нешто со кое што ќе може да живее, се додека не стане преголем товар? Ова, и многу други прашања се тема на одговор во оваа новела од нашиот Јордан. Уште кога видов дека ќе има нова книга од Јордан, знаев дека за брзо ќе ја земам, оти знам дека ќе ми се погоди. И замислете, вистина ми се погоди. Темата на која се однесува напишаното (примарно) е самоубиството и кои се причините за некој да посегне по својот живот. И дали е можно да се најде излез во безизлезна ситуација? Ги имаме ликовите на Борче, Тања и Александар, како и други ликови кои се појавуваат низ книгата. Преку нивните испреплетени приказни, дознаваме за тоа колку е лесно да бидеш измамен, и колку е лесно да се најдеш во ситуација да сакаш да му помогнеш на некој друг. Колку далеку е спремен секој од нас да оди за да склучи Договор со некој друг, Договор кој наложува да направиш нешто за возврат кога доаѓа вистинското време за тоа? За возврат мораш да ветиш нешто, нешто што може да прерасне повторно во безизлезна ситуација. И такаво круг. Приказната беше интересна, баш ми го задржа вниманието. Сакав да е малку подолга, но разбирам зошто некои работи мора да бидат кратки. Мислам дека најомилен дел ми беше делот со Александар и Мите во пабот, кога Александар рече не се тие криви, туку системот. Крајот не го очекував и навистина не знам шо да мислам за тоа како работите добија ново значење (oh how the turns have tabled). Не би сакала да ја должам многу, мислам дека секој кој што ја има прочитано знај за шо зборам, а тие шо ја немаат прочитано одма да ја прочитаат, бидејќи не се остава за понатаму и носи голема порака. И да се надоврзам на белешката од авторот, гушнете го тој шо го сакате најсилно шо можите и никогаш не заборавајте да речите "те сакам" оти сите сме кратко присутни на овој свет. До следно читање.