,,Потклек е роман за отуѓеноста, за самоповредувањето, за неусогласеноста на телото и душата, за духовното ропство на жената, роман за горчилата на модерната доба. [...] Централната личност на романот е неименувана дваесет и деветгодишна раководителка на службата за послуга во хотелот Македонија со именувана болка - Лола". Сузана Горѓиевска
Една обична жена, во обичен град води обичен, навидум нормален живот обременет од минатото и неможноста да се живее сегашноста. Низ книгите што ги чита, непознатите што секојдневно ги среќава, што на улица, што во хотелот каде што работи, таа полека станува свесна за сопството. Низ клучалката на изнајмената соба на Симон де Бовоар и Жан-Пол Сартр во хотелот, се обидува да ja ѕирне слободата што отсекогаш ја посакувала, но со страв од она што може да следи. Живеејќи во тој постојан страв, таа преку интимна исповед на општествено изолирана, отуѓена личност, потисната од своите стравови, хипохондрија и меланхолија допира до сржта на своето (не)постоење како жена - истражувајќи го сопственото тело, сексуалноста и односот со мајката и сопругот.