„Едно утро, малолетната Анастасија исчезнува на пат кон своето училиште. И додека сите новинари се во трка за подобро да ја покријат веста, овој роман ги следи приказните на девет обични луѓе, кои никогаш не ја сретнале и најверојатно нема никогаш ниту да ја сретнат. Сепак, оваа книга не е за Анастасија, ниту за тие девет луѓе. Оваа книга е за општеството, натоварено со мудрости од претходните генерации кои гласно ги осудува различните, а ја премолчува вината на сличните, кое отвара очи да го види срамот на другите а затвора пред нивните маки, и секогаш е зинато, дури и кога нема ништо паметно да каже.“ - Натали Спасова