„Ми беа потребни десетина обиди целосно да се нурнам во тоа чувство, да сфатам како е да си мртов. Еден ден, откако веќе бев малку потпораснал, се сетив дека сепак во тоа време некако сум размислувал, што не би требало да биде најсилна страна на мртвите, по што бев принуден да го променам пристапот, а следниот нагласок го ставив на промените, односно на нивното отсуство. Смртта мора да е отсуство на промени зашто мртвите не се менуваат, произволно но уверено заклучив и веднаш потоа се зафатив да ги скаменувам миговите и ја пронаоѓав насекаде: во белото набабрено небо од кое дождот уште не заврнал, во самракот во кој сонцето се губеше и веќе никогаш не изгреваше, во усните на дедо ми пред да го изговори моето име, во попладневните дремки во кои сѐ замираше“.
Иако малку ми беше тешко да го пратам дејството на почеток (можеби беше и до мене) натаму приказната ме вовлече. Не е првпат осаменоста да се проткајува низ страниците на Јанков, но овде има друга форма, резултат на недостиг, свесен или несвесен, на недостиг од блискост, од нешто одамна изгубено, на сенка од минатото... Искрено ме замисли колку недостигот на одредени работи од моето подалечно минато, посебно детство, влијаеле на моите идни одлуки. . п.с. одличен мотив изваден од книгата за корицата