Вратата ја затворам полека и зад мене го оставам Јосиф, клекнат на подот, заедно со Никита. Куќичката од лего-коцки ќе ја доправи и ќе отиде во спалната, ќе ја поттурне расфрлената облека на мојата страна од креветот и ќе легне, но нема да ме побара.Нема да ме побара ниту наредното утро кога ќе се разбуди и ќе види дека ме нема до него. Ќе отиде во тоалетот да се истушира и да се избричи, ќе ја облече кошулата што му ја испеглав, ќе се насмевне за тоа со каква прецизност му ги пеглам ракавите, но нема да ме побара. Нема да ме побара ниту кога Соња ќе ги собере нашите фотографии, сувенирите од патувања, подароците што сме си ги подарувале за годишнини и родендени, и ќе ги остави во црни ќеси за ѓубре. Ќе поминат денови, недели, можеби и години, а тој ќе мисли дека сум тука некаде и нема да ме побара.
Петар Андоновски е роден 1987 во Куманово. Студирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Автор е на книгите “Ментален простор” (поезија, 2008), “Очи со боја на чевли” (роман, 2013). Неговиот роман “Очи со боја на чевли” беше во најтесен избор за Роман на годината на Утрински весник. Застапен е во антологијата Нов македонски хаику бран (СВП, 2011).
Ми се допаѓа како Петар Андоновски ги ткае своите мисли во пишана форма, неговите романи се кратки, можеби повеќе би прилегало да се наречат новели. Меѓутоа, пишува за доста контроверзни теми (истополови врски и проблемите со кои се соочува заедницата), па понекогаш не се согласувам со неговите погледи. Иако немам предрасуди (барем не во голема мерка), некои работи сепак ми се сувишни, лично мое мослење. Меѓутоа, питко четиво кое стилски ми се допадна, иако нема да ставам оценка.
Кратка и лесна за читање, ја смафтав во 2-3 саати, фала на големиот фонт.
Петар “мрчеше” по фб коментари за автори на популарни психо-трилери па ме заинтересира како пишува. Речениците му се кратки и сувопарни, темата за истополови парови и имањето деца исто така обработена малце сувопарно.. супер што ја опфаќа темата зашто веројатно е еден од ретките во земјава кој е привилигиран доволно да ја опфати, ама сметам дека нивната секојдневна борба заслужува малку подлабока приказна. 3ка накај 2ка.