Иван Чаповски е поет, романсиер и публицист. Роден е на 12 октомври 1936 година во с. Пожарско, Воденско. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Како новинар работел во весниците „Вечер“ и „Нова Македонија“, а како режисер во Радио-телевизија Скопје. Бил главен уредник и директор на книгоиздателството Македонска книга во Скопје.