Збирката раскази „Патување низ времето“ е прозно дело, содржински и тематски разновидно, со силна опсервација на индивидуални човечки судбини во подолг временски период и во различни историски и животни услови. Заедничка нишка на расказите е мигот на човечката среќа, како и страдањето и болката што животот немилосрдно им ги втиснува на луѓето како нивна судбина.
Љупка Кочоска е родена во Тетово 1935 година, а почина 2011 година во родниот град и е правник по професија. Таа е член на Друштвото на писателите на Макеодонија од 2002 година. Кочоска е автор на романите "Животот повторно се раѓа"(1998), "Времето на љубовта и омразата"(2001), "Семејна сага"(2004), „Ниту војна ниту мир“(2010), „Користољубие или омраза“(2011) и збирката раскази „Патување низ времето“(2009). Љубовта, човечката судбина, животот на луѓето во родното Тетово се неисцрпната инспирација за делата на Кочоска.