Академик Божин Павловски (7 јануари 1942, с. Жван, Демирхисарско) е познат македонски писател. Завршил Филозофски факултет во Скопје и извесно време работел како новинар. Основач е на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, и бил долгогодишен главен уредник на истата. Исто така, основач е на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Книгата „Роман за моето заминување“ ја освои наградата за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје (2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја доби Интербалканската награда за книжевност во Солун (2002 г.). Член е на Македонската академија на науките и уметностите, и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 година).
Академик Божин Павловски живее и твори во Скопје, Македонија, и во Мелбурн, Австралија. Делата на Божин Павловски се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, српски, италијански, романски, албански, словенечки и други јазици. Дела: Игра со љубов (роман, 1964) Фантасти (раскази, 1964) Миладин од Кина (роман, прв дел, 1967) Лудисти (раскази, 1967) Миладин од Кина (роман, втор дел, 1968) Македонците зад Екваторот (патописна проза, 1971) Дува (роман, 1973) Австралија, Австралија (сценарио за документарен филм, 1975) Вест Ауст (роман, 1978) Црвениот хипокрит (роман, 1984) Уткини соседи (роман, 1987) Враќање во сказните (роман, 1989) Дува и болвата (роман, 1997) Подвижни гробови (роман, 1998) Патување со љубената (роман, 2000) Египетска сонувалка (роман, 2001) Изгубени во рајската градина (роман)
Изданието на книгата што имав прилика да ја читам е од 2001 година, АЕА, Мисла. Во тоа издание на крајот на книгата е вметнат делот "Странската критика за романот Вест Ауст од Божин Павловски" во редакција на Лилјана Угриновска, во која се содржани критиките за романот издаден на француски и романски јазик. Во ова review-e ќе искористам делови од таму наведената критика преку која мислам дека може да се изрази вредноста на овој роман.
Жил Костас, дневен весник "Матен“, Парис, 1980: "Павловски е македонскиот Стајнбек. Загрижен за судбината на малиот човек, тој ни дава еден извонреден социјален роман. Западниот читател го обзема чувството на мачнина, вистината е толку потресна што фикцијата ја прави уште посилна. Благодарејќи му на Павловски, печалбарире влегуваат во литературата и во нашата совест. Еден убав камен е фрлен против нашата индиферентност, вознемирена е нашата совест. Овде уметничката вистина е токлу силна што фасцинира. Вест Ауст е роман со полифино значење."
Дарие Новачеану, весник "Романија литература", Букурешт, 1982: "Првата извонредна работа што ја реализира Божин Павловски е способноста на хероите да им ја оттргне почвата под нозете и да ги остави да треперат во воздухот неколку прсти над земјата. На тој начин, нивниот човечки статус е привремено поништен и сензибилизиран, особено во духовен поглед, и, на некој начин, тој е надвор од историјата. Со оглед на тоа дека средината во којашто живеат не дејствува повеќе како фактор што може да го обликува нивниот живот, таа нема вредност на категорија што ќе може да ги постави темелите на нивниот внатрешен живот. Всушност, станува само некаков "партнер" или "соговорник" во еден дијалог којшто се одвива само делумно, на еден однапред определен терен, и којшто не го исклучува напријателството па дури и насилството."
И. Пантеа, списание "Хоризонт", Темишвар, 1982: "Романот Вестерн Аустралија беше започнат во Битола во 1973 година, продолжен во Австралија во 1975 година, во Тајланд и во Јапонија во 1976 година, добивајќи ја крајната форма во 1977 година во Битола и Скопје....Вест Ауст драматична биографија на личностите (реални? фиктивни?): Џими Змијата, Илија Ангелов, Ана, Македонци заминати од Балканот кон оваа ветена земја, дарежлива и душманска во исто време. Едните ќе допрат до саканата цел: да се збогатат, но ќе се почуствуваат опустошени во себе. Други ќе се спасат. Ќе се откажат претпочитајќи го чесниот живот, и ќе се вратат. Други ќе бидат победени од смртта или од болеста. Трагични судбини на херои кои модерната Вавилонска кула, фацинантна во својот блесок и во егзотичноста, ги привлекува во сопствената стапица и ги растргнува."
Îl iei pe Kusturica, îl legi fedeleș de-o rachetă nucleară și țintești spre Australia. Rezultă? Bojin Pavlovski, un Panait Istrati al diasporei macedonene din lumea câinilor dingo.
„Un roman început la Bitola în 1973, continuat în Australia în 1975, în Thailanda și Japonia în 1976, căpătând forma finală în Bitola și Skopje în 1977”, explică Pavlovski într-un interviu.
Și un roman care îl făcea în ’79 pe tandru-arțăgosul Alain Bosquet să exclame în „Magazine Littéraire”: „Această magmă omenească trăiește în pustiul nostalgiei. Căci acesta este mizerabilul și strălucitorul clocot al pribegiei. Un jar proaspăt străbate din cartea aceasta care este, fără îndoială, una dintre cele mai puternice și mai profunde cărți traduse anul trecut în franțuzește.”