Роман-претставник на Македонија за наградата Балканика 2006, веќе преведен на хрватски и словенечки јазик. Во тек е преводот на српски и на француски јазик. Хуморескно, меѓутоа воедно и сериозно авторот раскажува за згодите и незгодите на главниот лик Храпешко, за умешноста на создавањето и преживувањето, за копнежите и соништата, за животната енергија и љубовта, за животот во татковината и во странство.
Ермис Лафазановски е роден на 8 декември, 1961 година во, Клуж, Романија. Тој е доктор по филолошки науки и работи во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1994 година. На 17 декември, 2014 година, Лафазановски бил избран за претседател на македонскиот ПЕН-центар.
Лафазановски има дадено значаен придонес во современата македонска проза. Поради иновативниот пристап во раскажувањето, тој е добитник на неколку книжевни признанија, како што се: наградата „Стале Попов“ на ДПМ и наградата „Прозни мајстори“ која ја доделува фондацијата „Македонија презент“. Неговиот книжевен опус се состои од повеќе романи, збирки раскази и научни студии.
Половина божилак (раскази, 1992) Традиција, нарација, литература (монографија, 1996) Благородник (роман, 1997) Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (раскази, 1999) Македонските космогониски легенди (студија, 2000) Текст и менталитет (зборник, 2000) Опишувач (роман, 2001) Анрополошки дијалози (студија, 2002) Роман за Оружјето (роман, 2003) Храпешко (роман, 2007) Недела (роман, 2010) Историја на луѓето кои умреа од страв (роман, 2012) Туја (раскази, 2018)
Приказната е одлична, но најмногу ми се допадна интелигентниот хумор на Лафазановски. Никој друг македонски писател не го прави тоа како него (а ако има таков, тогаш сѐ уште не сум го читал).
“Храпешко“ е еден од ретките романи кои се разликуваат од другите според темата која ја обработуваат, а не според стилот. Обично темите се безвременски и повторливи (љубов, немаштија, неприпаѓање, социјални односи..), а стилот на кој се напишани ги одредува- дали ќе прераснат во „Малиот принц“ или во „На реката Педра седев и плачев“. Once in a while, out of the blue се појавува тема која отскокнува. Да не беше „Парфем“, „Храпешко“ ќе беше една од овие и ќе котираше високо на скалата на инвентивноста. Но, the resemblance помеѓу двете е повеќе од очигледна. Имаме сиромашен протагонист, случајно откриен талент, магична супстанца (парфем, стакло), алхемија во процесот на изработка, вметнување парче душа во финалниот производ, и конечно- decay. Случајност или не,огромната сличност има негативно влијание врз целокупниот впечаток. Без неа „Храпешко“ би претставувал возбудлив начин да се потрошат два часа, а вака повторно се враќаме на прашањето за трендот во литературата, плагијатот и слични невесели теми.