Macedonian Readers/Bloggers discussion

163 views
Слободен фолдер > Претставете Се

Comments Showing 1-8 of 8 (8 new)    post a comment »
dateDown arrow    newest »

message 1: by Aleksandra (new)

Aleksandra | 9 comments Здраво, јас сум Александра, и да читам многу книги ;) Ги читам сите жанрови, но најомилен ми е фантазија, особено епска фантазија.


message 2: by Nadica (new)

Nadica | 7 comments Епа здраво. Јас сум Надица, имам 16 години и сум од Кавадарци. Освен книги читам и манга, па ако има уште некој таков ќе ми биде мило. :)


message 3: by Stefani (new)

Stefani (curiousdaisy) | 3 comments Здраво на сите. Јас сум Стефани. Имам 20 години. Од Ресен, во моментов на студии во Скопје. Обожавам да читам книги. Најмногу трилери. Мојот блог е http://ireadboooks.wordpress.com/. Се надевам дека ќе го посетите :)


Ivana - Diary of Difference (diaryofdifference) Здраво :) Се викам Ивана и имам 17 години. Од Скопје сум и сум голем љубител на книги, од кои најомилени ми се YA. Иако ги читам сите видови жанрови, сакам да читам нешто фантастично и несекојдневно, мистерија или слично. Инаку тренирам карате, пишувам, пеам, шетам наоколу со фотоапаратот, секако кога имам слободно време. Сеуште немам блог, ама се мислам дали да направам.. Тоа е од мене. Чао ;)


message 5: by Iva (new)

Iva | 1 comments Здраво на сите, јас сум Ива и од Загреб и Хрватска сум. За жал немам македонско потекло ама имам голема љубов за Македонија и македонскиот јазик. Освен тоа вљубена сум во книги, музика и драмската секција во Македонско друштво во Загреб. Читам книги на хрватски, англиски и македонски јазик. Омилената книга инаку многу потресна на македонски ми е Игор Џамбазов Гол човек (ми стана омилена така што мислев дека станува збор за фикција). Ете толку од мене мило ми е што сум тука! :)


message 6: by Elle (new)

Elle | 1 comments Здраво, јас сум Ели од Охрид, а живеам во Сиднеј. Од како се преселив тука, сите книги што ги читам се на англиски и ми фали нашиот јазик. Затоа сакам да почнам да читам книги на македонски и се надевам ќе ми предложите нешто интересно.
Сакам да читам фантастични новели, историски, љубовни и психолошки жанрови.


message 7: by Aleksandar (new)

Aleksandar | 2 comments не е препорака, но линк до онлајн книги на македонски

http://www.makedonika.mk/Knigoteka.aspx


message 8: by Aleksandar (new)

Aleksandar | 2 comments исто така:

https://www.facebook.com/notes/%D0%B5...

ма да линкот е стар и може некои фајлови веќе да не се онлајн


back to top