Jump to ratings and reviews
Rate this book

Невообичаен Велигден

Rate this book
Пред Велигден, Емил оди во Џамбо да купи подароци за децата на сестра му Емили, која со семејството треба да си дојде за празникот од Португалија. Во Џамбо се судира со една девојка на која ѝ го истура кафето врз белата кошула...
Емил брза кон болницата поради интервјуто за прием на асистент. Една кандидатка која била со најдобри квалификации, не се појавува на интервјуто, но во меѓувреме Емил го повикуваат поради итен случај за операција, што може да ја направи само тој – донесена е девојка со деведесет проценти изгореници на телото. Девојката нема идентитет поради непрепознатливост од изгорениците, но и поради губење на документите во несреќата. Која е девојката?
Во болницата се појавува девојката која Емил ја запозна во Џамбо, но не е таа! Која е девојката од Џамбо, а која е таа која се појавува во болницата?
Приказната за близнаците се движи кон својот крај, со уште еден возбудлив дел во кој ќе бидат одговорени неодговорените прашања во претходните два.

Paperback

Published March 20, 2022

1 person want to read

About the author

Емилија Златкова Анастасова е родена 1982 година во Кочани. Од петтата година живеела во Пробиштип, каде завршува основно и средно училиште. Завршува македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Моментално живее и твори, во Велес.
Автор е на книгите: „Волшебното Синџирче“ (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ (поезија), „Поглед Кон Невидливото“ (збирка драми) и „Близнаци“, "Детето во снегот", "Неверство" , „Каде е зЕмили?“, „Новогодишна ноќ“, „Невообичаен Велигден“.

Ratings & Reviews

What do you think?
Rate this book

Friends & Following

Create a free account to discover what your friends think of this book!

Community Reviews

5 stars
7 (70%)
4 stars
2 (20%)
3 stars
1 (10%)
2 stars
0 (0%)
1 star
0 (0%)
Displaying 1 of 1 review
Profile Image for Marina.
20 reviews5 followers
March 27, 2022
Со големо задоволство ќе се пофалам дека ја имав честа да бидам меѓу првите читатели на најновото дело на Емилија - третиот дел од серијалот Близнаци.
Во претходните делови имавме можност да се запознаеме со близнаците Емил-Марјан и Емили, чии животи беа подложени на големи судбински игри, но на крајот сепак сѐ си дојде на свое место.

Па така, некогашните млади и заљубени Марија и Гоце, сега се скоро пензионери, горди родители и баба и дедо. Емили и Емил- Марјан и покрај тоа што живеат во различни држави, ја одржуваат и негуваат нивната врска. Емили е среќна сопруга и горда мајка на двајца близнаци, а Емил е успешен лекар, сопственик на болница со хуманитарен карактер.
Во пресрет на Велигденските празници, Емили со семејството патува кон Македонија, а
Емил како среќен вујко кој ги разгалува и сака да ги дочека внуците со подароци, се упатува на шопинг во трговски центар.
Во моментот кога Емил вози кон целта, разговара со сестра си на телефон, а во етерот се разлева мелодијата од познатиот хит „На Велигден сум се заљубил". Емили како на шега вели дека песната е некаков знак...

Ќе биде ли во право Емили? Какви ли планови има судбината овиој пат?
Уште колку делчиња треба да си ги најдат своето место за сложувалката да ја открие сликата која ја содржи?
Во одредени периоди од животот, сѐ ни делува конфузно, нејасно, нелогично, но како што вели авторката - тоа е така зошто гледаме само дел од големата слика, само дел од сложувалката, чие постоење е само во рацете на Бог.

Следејќи го творештвото на авторката, во секое наредно дело се чувствува нејзиниот книжевен раст, градењето на нејзиниот стил, развојот на нејзиниот раскажувачки талент.
Како што доликува - крајот го краси делото!
Навистина прекрасна завршница.
Не чекајте да нурнете во ракописот на Емилија. Навистина уживав во нарацијата, која својствено за неа, ме обли со блаженство, ми предизвика бурни емоции, ми разбиди солзи.
Еми, честитки уште еднаш❤️
Displaying 1 of 1 review

Can't find what you're looking for?

Get help and learn more about the design.